Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција - Part 2

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

7. Не уживате во вежбањето

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Американските научници Тод Мекелрој и Дејвид Л. Дикинсон откриле дека луѓето кои сакаат интелектуална работа се помалку активни, а оние кои немаат потреба од тоа повеќе сакаат да вежбаат. Луѓето со повисока интелигенција сакаат активности кои бараат ментален напор, како играње шах.

8. Имате сини очи

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Џоана Роу, професорка на Универзитетот во Луисвил тврди дека луѓето со сини очи имаат повисок коефициент на интелигенција за разлика од оние со потемни очи. Многу генијалци, како на пример Стивен Хокинг, имаат сини очи. Сепак, и оние со темни очи имаат свои силни страни. Луѓето со светли очи можат да се справат со тешки ситуации размислувајќи и донесувајќи рационална одлука. Луѓето со темни очи покажуваат подобри резултати кога е потребна брза реакција.

9. Пречувствителни сте на звуци

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Секојдневните звуци како крцкањето на подот, па дури и гласното дишење може да им пречат на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Научниците од Универзитетот во Хелсинки спровеле истражување кое покажало поврзаност помеѓу способноста на личноста да најде несекојдневни решенија и неспособноста да ги игнорира звуците околу неа.

10. Вашиот домал прст е подолг од показалецот

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Според норвешкиот лекар Карл Пинск, колку е подолг домалиот прст, толку подобро личноста се справува со математички проблеми. Но, слаба страна му е разговорот. Истражувачот Џон Коејтс од Кембриџ открил дека финансискиот успех на една личноста може да се одреди од должината на прстите. Луѓето чии домали прсти биле подолги од показалецот имале повисоки приходи.

11. Често сте анксиозни и склони кон паника

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Психолозите Цачи Ејн-Дор и Орган-Тал од Израел спровеле истражување кое докажало дека паметните луѓе се посклони кон песимизам. Тие сметаат дека интелектуалците се навикнати да ги анализираат настаните од минатото, па обрнуваат повеќе внимание на можните идни настани. Од една страна, интелигентните луѓе се подобро подготвени за потенцијални проблеми, додека од друга страна постојано се под стрес.

12. Многу пцуете

Научниците откриваат: 12 чудни знаци кои укажуваат на висока интелигенција

Можеби звучи чудно, но користењето „лоши“ зборови укажува на висок интелект. Интелигентни луѓе имаат богат вокабулар, па користат широк спектар на зборови за да ги искажат своите емоции најточно. До неодамна постоеше верување дека лошите зборови ги користат само необразовани луѓе поради недостатокот од вокабулар. Но истражувањето спроведено од психолозите Тимоти и Кристин Џеј го покажало токму спротивното.

Погледнете ги и овие знаци кои покажуваат дека имате натпросечна интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар