5 знаци дека имате натпросечна интелигенција

5 знаци дека имате натпросечна интелигенција

Интелигенцијата не се однесува на она што го знаете, туку на брзината со која ги восприемате новите информации. Далеку од тоа дека коефициентот на интелигенција го одредува успехот во животот, но сепак не е лошо да се биде натпросечно интелигентен. Повеќето од нас живеат без да знаат колку всушност се паметни. Тешко е да се измери коефициентот на интелигенција и никогаш не можете да знаете колку точно тој изнесува. Меѓутоа, постојат одредени знаци кои ги поврзуваат раните животни искуства со високата интелигенција. Ако се пронајдете во следниве 5 работи, голема е веројатноста дека имате висок коефициент на интелигенција.

5 знаци дека имате натпросечна интелигенција

1. Анксиозни сте

Тешко е да се смета анксиозноста за добра работа, но според одредени истражувања таа можеби и не е толку лоша. Психијатарот Џереми Колпан ги проучувал пациентите со анксиозност и дознал дека луѓето со најсериозни симптоми имале повисок коефициент на интелигенција од оние со поблаги симптоми. Други истражувања покажале подобри резултати на тестот за вербална интелигенција кај луѓе со голема анксиозност. Потоа, постои уште еден покомплициран експеримент спроведен на Интередисциплинарниот центар Херзилија, во Израел.

Од учесниците било побарано да оценат уметнички дела прикажани на некоја софтверска програма и потоа одеднаш се појавувал лажен компјутерски вирус, со цел да се наведат учесниците да помислат дека тие се виновни. Потоа ги пратиле учесниците на итна мисија да најдат техничка поддршка и им поставиле уште пречки на патот. Тие дознале дека најанксиозните учесници биле и најфокусирани и најефективни во извршувањето на задачите. Нареден пат кога некој ќе ви каже да престанете да се грижите толку многу, само одговорете им дека вашата висока интелигенција ви стои на патот.

2. Рано сте научиле да читате

Според едно британско истражување спроведено на 2.000 пара идентични близнаци, без оглед на идентичните гени, децата кои почнале порано да читаат имале повисока интелигенција (вербална и невербална) од нивните братчиња или сестрички. На прв поглед, ова е лесно да се објасни: Децата кои научиле да читаат порано успеале во тоа затоа што биле попаметни. Но, не се работи за тоа. Истражувачите заклучиле дека раниот почеток со читање имал влијание на развојот: Тоа е причината што ги направила децата попаметни. Па така, ако сте научиле да читате на многу рана возраст, тоа не е затоа што сте паметни. Паметни сте затоа што рано сте почнале со читање.

5 знаци дека имате натпросечна интелигенција

3. Левучари сте

Изгледа дека сите оние наставници, кои се обидувале да ги натераат левучарите да пишуваат со десна рака, многу погрешиле. И покрај тоа што постои некоја мала, но необјаснета врска помеѓу левучарите и криминалците, постојат и некои интелектуални предности. Едно големо истражување покажало дека левучарите покажуваат поголема наклонетост кон дивергентното (повеќенасочно) размислување. Оваа уникатна способност да се комбинираат две неповрзани нешта на начин што има смисла е знак на интелигенција.

4. Сте учеле да свирите некој инструмент како дете

Постојат голем број истражувања кои покажале дека музичкиот тренинг ја зголемува вербалната интелигенција и функционалноста. Тешко е да се фокусираат и контролираат овие особини, но во едно истражување, спроведено од страна на Силвејн Морено, 48 деца на возраст помеѓу 4 и 6 години учествувале во компјутерски тренинг, предводен од страна на учител. Еден час на ден, 5 дена во неделата за 1 месец, половина од учениците ја завршиле музичката програма, а другата половина програмата за визуелна уметност. На крајот од експериментот, 90% од децата кои добиле музички тренинг, покажале напредок во вербалната интелигенција. Така што, ако сте земале часови по музика кога сте биле дете, тоа е добар знак.

5. Имате смисла за хумор

Истражувањата покажуваат силна поврзаност помеѓу добрата смисла за хумор и добрите резултати за вербална интелигенција и апстрактното размислување. Изгледа дека вашата досетлива природа е производ на вашиот остар ум.

Постојат уште многу други знаци на висока интелигенција, така што ако не се пронајдовте во ниту еден од овие 5, тоа не значи дека не сте натпросечно паметни. Но, ако многу од овие работи се однесуваат на вас, слободно можете да се сметате себеси за личност попаметна од останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар