Научниците ја дефинирале особината со која можете да ги освоите сите

Научниците ја дефинирале особината со која можете да ги освоите сите

Постои една карактерна особина што мажите и жените ја сметаат за подеднакво привлечна. Според истражувањето спроведено од страна на научниците од Универзитетот Квинсленд, станува збор за потребата прво да се задоволите себеси. И не мислиме на сексуалното задоволување, туку на потребата да го правите во животот она што вие сакате да го направите, без да дозволите туѓото мислење да ви влијае.

nauchnicite-ja-definirale-osobinata-so-koja-mozhete-da-gi-osvoite-site-www.kafepauza.mk

Истражувањето опфатило 115 студенти, а задачата била многу едноставна – тие требало да ја оценат привлечноста на одредени личности според фотографија и неколку наведени карактеристики. Карактеристиките биле соодветно смислени за да ги поделат луѓето во две категории, оние што се склони на правење тоа што другите ќе им го кажат и оние што се бунтуваат, односно што сами си го одбираат патот.

И мажите и жените многу голема предност им дале на оние што сами си носеле одлуки и што немале потреба да се прилагодуваат на туѓите желби.

Ова се одлични вести за независните момци и девојки што ги има во сè поголем број! Знаете како велат, ако самите не се направиме среќни, никој друг нема да може да го стори тоа за нас. Изгледа луѓето конечно сфаќаат дека ние сме одговорни за нашата судбина и дека самоувереноста е една од најдобрите карактеристики кога станува збор за освојување на момците и девојките во кои сме заинтересирани.

Прочитајте ги и 3-те тајни тактики на жените кои можат да го освојат секој маж што ќе го посакаат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар