Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави - Part 2

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

6. Чувство на присутност: Зошто луѓето чувствуваат злобно присуство?

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Ова е чуден експеримент со уште почудни резултати. Една група научници им ставила превез преку очите на неколку испитаници и ги сместила помеѓу 2 роботи. Прстите на луѓето биле поврзани со роботите пред нив. Машините биле програмирани така што секогаш кога личноста ќе ги мрднела рацете, роботот зад нив да го копира движењето. На почетокот не се случило ништо посебно. Луѓето ги мрдале прстите и чувствувале движење зад нив и допир, но не им било страв. Нештата се промениле кога истражувачите додале одложување на системот. Роботот што ги копирал движењата сега мрдал малку подоцна, па луѓето почнале да се чувствуваат како зад нив да има нешто чудно. Некои дури верувале дека се опкружени со невидливи луѓе. Други толку многу се исплашиле што го напуштиле експериментот.

Истражувачите веруваат дека кога го додале одвлекувањето, луѓето не чувствувале дека се одговорни за движењето. Па, нивниот мозок ги натерал да веруваат дека има некој друг со нив. Истражувачите мислат дека ова им се случува на луѓето со шизофренија кога се изложени на голем стрес и замор. Ја губат способноста да ја најдат поврзаноста помеѓу умот и нивните движења, па мислат дека со нив има некој друг.

7. Идентификација на целта: Зошто луѓето имаат искуства надвор од телото?

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Многу луѓе имале искуство надвор од телото – тоа е она чудно чувство дека пловите над вас. Ова е особено често кај луѓето кои имаат блиско искуство со смртта. Но дали навистина се случува, или повторно е трик на нашиот ум?

За да го пронајдат одговорот, група истражувачи напишале порака на картичка и ја поставиле на врвот на една машина во болничка соба. Секој пациент што ја напуштал собата бил прашан дали имал искуство надвор од телото. Тројца луѓе одговориле потврдно, но ниту еден од нив не ја видел картичката. Чудното е што луѓето не лажат за овие работи.

Друга група истражувачи работела со жена која тврдела дека може да патува астрално по нејзина волја. Ја поврзале со машина за да ја проучуваат активноста на нејзиниот мозок и ја замолиле да го напушти телото. Нејзиниот визуелен кортекс бил речиси целосно деактивиран, а деловите од мозокот поврзани со менталните слики се активирале. Ова значи дека на некој начин не лажела. Таа навистина се гледала надвор од своето тело. Според мозочните бранови, нејзината моќ не била астрално патување, туку можела да се натера да халуцинира кога сака.

8. Тажни вдовици: Зошто луѓето гледаат духови?

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Не секој кој тврди дека видел дух лаже. Понекогаш ова е навистина тешко да се објасни, но психолозите што ги проучувале овие луѓе откриле нешто интересно. Во повеќето групи луѓе, навистина е тешко да најдете личност која видела дух, освен ако не разговарате со постари вдовици. Според една анкета, речиси 50% од постарите вдовици во Америка имале халуцинација за мртвиот сопружник. Овие вдовици обично се изолирани во необична средина кога ги имаат овие искуства и често минуваат низ период со многу стрес. Всушност, ова им се случува на сите што гледаат духови – секогаш се сами во необично опкружување и се под екстремен стрес.

9. Луцидно сонување: Зошто луѓето мислат дека се киднапирани од вонземјани?

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Причината за ова е многу поедноставна – според еден експеримент станува збор за сон. Истражувачите собрале група од 20 луѓе кои биле искусни во луцидните соништа. Ги замолиле кога ќе ја преземат контролата над нивниот сон, да излезат од телата и да бараат НЛО. 35% од испитаниците виделе вонземјани до нивниот кревет. Сè што требало да направат е да помислат на вонземјани и мозоците тоа го правеле „реалност“. Целото искуство било премногу реално и застрашувачко.

Се верува дека ова им се случува и на луѓето што веруваат дека се киднапирани. Често киднапирањата им се случуваат на луѓе кои страдаат од парализа во сонот, состојба што предизвикува халуцинации.

10. Инфразвуци: Зошто некои куќи изгледаат опседнато?

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Еден научник по име Вик Танди имал чудно искуство додека работел во фабрика за којашто се верувало дека е опседната. Одеднаш чувствувал студ и очај. Потоа забележал и некоја сива фигура. Целото искуство било толку застрашувачко што му било потребно време да се сврти кон фигурата. Кога го направил тоа, фигурата исчезнала. Повеќето луѓе би избегале, но бидејќи Вик е научник, решил да тестира една теорија. Бил сигурен дека неговото искуство е резултат на инфразвуци – звуци со пониска фреквенција од она што можеме да го слушнеме. Тој го исклучил вентилаторот што мислел дека е одговорен за звуците, и натприродните искуства престанале.

Неколку години подоцна, некои истражувачи ја следеле теоријата на Вик. Тие пуштиле група луѓе да лута низ ходници. Во некои имало инфразвуци, во некои не. Луѓето што ги слушале звуците почувствувале промена на температурата, и во некои случаи имале и привиденија. Оние што не биле изложени на звуците, не забележале ништо.

Прочитајте ги и овие бизарни приказни за натприродното од 17-тиот век.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар