10 бизарни приказни за натприродното од 17-тиот век

10 бизарни приказни за натприродното од 17-тиот век

Изгледа дека во 17-тиот век се случувале многу натприродни работи низ цела Велика Британија. Многу писатели од тој период, како демонологот Ричард Боет и филозофот Хенри Мор, собирале разни приказни и информации за да докажат дека атеизмот не е во право. Денес овие „вистински“ приказни изгледаат смешно, но многу од нив вреди да се запомнат поради креативноста.

1. Духот на Данти Портеус

(1)10-bizarni-prikazni-za-natrpirodnoto-od-17-ti-vek-kafepauza.mk

Во доцниот 17-ти век, еден човек по име Данти Портеус бил затворен од сер Александар Жардин во неговата кула во Шкотска. Портеус бил затворен поради сомнеж дека подметнал пожар, а Жардин целосно го заборавил својот затвореник. Кога се сетил на него, Портеус веќе бил починат од глад. Откако било откриено неговото тело, духот на Портеус почнал да ја прогонува кулата, трчајќи и викајќи за тоа колку е гладен. Жардин повикал свештеник кој извел егзорцизам и духот на Портеус бил затворен во ќелијата. Но, „магијата“ работела само ако една Библија била чувана во кулата.

По некое време Библијата се распаднала и била пратена во Единбург да се поправи. Се разбира, духот на Портеус го искористил ова, избегал од ќелијата и го нападнал семејството на Жардин. За среќа, работите се вратиле во нормала кога Библијата била вратена во кулата.

2. Ковчегот на Роберт Бати

(2)10-bizarni-prikazni-za-natrpirodnoto-od-17-ti-vek-kafepauza.mk

Роберт Бати бил млад човек кој секогаш инсистирал да биде погребан во семејната гробница на неговите предци во црквата Артурет. На 12-ти август, 1680 година, кога Роберт имал 23 години, тој се удавил. И покрај неговите инструкции, тој бил закопан во дворот на црквата. Ноќта по неговиот погреб, Роберт ѝ се појавил на неговата сестра, Мери, во сон. Тој бил многу разочаран бидејќи не му ја исполниле желбата и рекол дека ќе ги прогонува одговорните сè додека не го погребат каде што сака.

Следното утро, ковчегот на Роберт бил најден откопан. Неговото тело не било допрено а ковчегот бил во многу добра состојба. Повторно го закопале, но некако ковчегот повторно се нашол надвор од гробот, и тоа уште два пати. Откако истото се случило и по трет пат, Мери им кажала на другите за својот сон. Тогаш Роберт бил погребан во семејната гробница, и ковчегот останал таму.

3. Моќите на доктор Џон Ламбе

(3)10-bizarni-prikazni-za-natrpirodnoto-od-17-ti-vek-kafepauza.mk

Џон Ламбе бил магионичар кој му давал медицински совети на Џон Вилиерс, првиот војвода од Бакингем – политичар кој бил толку непопуларен што бил убиен во 1628 година. И Џон немал многу обожаватели – неговите политички врски му овозможиле да избегне казна за силување на едно девојче, и бил убиен неколку месеци пред Вилиерс. Покрај тоа што бил ужасна личност, Џон бил познат и по неговите неверојатни моќи.

Еднаш тој поканил двајца мажи, Барбор и Сендс, на пијачка во неговиот дом. Додека разговарале за магија, Џон се понудил да им покаже на гостите што знае. И тогаш во собата се појавило дрво и биле повикани тројца мали мажи со секири за да го исечат. Откако џуџињата го исекле дрвото, Барбор скришно земал делче од стеблото. Подоцна истата вечер, тој бил во креветот, а сите врати и прозорци од неговата куќа се отворале и затворале сами. Барбор ѝ кажал на сопругата што направил и таа го натерала да го фрли дрвото. Дури тогаш можеле мирно да спијат.

4. Духот на Дороти Дурант

(4)10-bizarni-prikazni-za-natrpirodnoto-od-17-ti-vek-kafepauza.mk

Во 1665 година, 16-годишното момче Блај одеднаш станало депресивно и повлечено. Никој од неговите пријатели не знаеле што му се случува, но Блај му кажал на брат му дека го прогонува некој дух. Два пати дневно, додека одел и се враќал од училиште, духот на сосетката Дороти Дурант го следел. Неговото семејство било скептично и понекогаш го исмејувале за приказната. Само директорот на неговото училиште, господин Радл, му поверувал. Следното утро, директорот и момчето заедно оделе кон училиштето и духот на Дурант поминал покрај нив.

Едно утро на крајот од јули, господин Радл повторно го сретнал духот и се обидел да разговара со него. На почетокот привидението не можело да зборува. Нејзиниот глас бил тивок, а зборовите не биле јасни. Но, господин Радл разговарал со неа околу 15 минути. Вечерта духот и директорот повторно се сретнале. Разговарале, и духот на Дурант исчезнал засекогаш.

5. Децата Меридет

(5)10-bizarni-prikazni-za-natrpirodnoto-od-17-ti-vek-kafepauza.mk

Во јануари, 1675 година, сите 4 деца од семејството Меридет во Бристол, почнале да се однесуваат чудно. Прво, децата се жалеле дека чувствуваат болка во центарот на главата, како и од страните. Потоа нивните екстремитети почнале да се згрчуваат, и на крај почнале заедно да се смеат или да плачат по цел час. Децата лазеле на земјата како мачки, а еден сведок тврдел дека можеле да седат на таванот и ѕидовите како пајаци.

Една од ќерките тврдела дека може да ја предвидува иднината, додека другата повраќала игли. За да биде уште почудно, ова однесување траело само во текот на денот. Навечер децата спиеле без проблем. Ниту еден од лекарите не можел да објасни што се случува. Децата продолжиле со чудното однесување уште неколку месеци, а секој ден ги посетувале свештеници. Во мај, сето ова престанало, а деца одеднаш се вратиле во нормала.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар