Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Повеќето од нас веруваат дека живееме во рационален свет, свет каде што демоните и мртвите не ги прогонуваат живите. Но ако духовите не се реални, зошто толку луѓе веруваат во нив? Изгледа дека одговорот е поврзан со човечкиот ум. Постои научно објаснување за речиси секое чудно нешто што го виделе луѓето. Кога станува збор за натприродното, научните објаснувања се понекогаш почудни и од самите митови.

1. Ефектот идеомотор: Како работи таблата за комуницирање со духови?

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Кога со пријателите ќе ги ставите прстите на таблата и ќе забележите дека малата пластична стрелка се движи, тоа навистина се случува. Нема потреба некој да се шегува и да ја мрда. Стрелката навистина се мрда, а луѓето што ја допираат не веруваат дека се одговорни за тоа.

Овој ефект е познат како идеомотор и можете да го пробате и самите. Ставете тег на конец и држете го со мирна рака. Поставувајте си прашања и кажете си дека ако тегот се врти во насока на стрелките на часовникот одговорот е „Да“, во спротивно одговорот е „Не“. Како магија, тегот ќе ја промени насоката за да ви одговори, а вие ќе верувате дека не правите ништо.

Ова функционира бидејќи нашето тело прави мали, несвесни движења. Кога си поставувате прашања, вашиот потсвесен ум ги одговара и суптилно ги мрда вашите мускули без ваше знаење. Истото се случува и со таблата за комуницирање со духови.

2. Експериментот Филип: Зошто на сеансите се случува лудило?

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Во 1972-ра година, тим психолози собрале 8 луѓе и им ја раскажале приказната за „Филип Ајлесфорд“. Потоа ги натерале да го повикаат преку сеанса. Ги затемниле светлата, пееле песни, му поставувале прашања и на нивно изненадување, почнале да се случуваат чудни работи. Масата почнала да се мрда, па дури и застанала на две ногарки, а светлата почнале да трепкаат. Слушале и некакви звуци за кои верувале дека е Филип кој одговара на прашањата, и тоа точно. Ова би било сигурен доказ дека го повикале духот на мртов човек но, Филип воопшто не постоел.

Психолозите го измислиле Филип, како и секој детаљ од неговиот живот. Сепак, групата била убедена дека повикала дух. Овде во игра влегле неколку психолошки трикови, но најголемо влијание имал ефектот идеомотор. Групата ја помрднала масата со нивната потсвесна волја. Психолозите ги објавиле своите резултати, а други научници ги повториле. И тие добивале луди сеанси каде што луѓето верувале дека повикале дух.

3. Плацебо експериментот на Хенри IV: Како работат егзорцизмите?

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Опседнувањата од демони изгледаат лесни за објаснување. Со години сме немале разбирање за шизофренијата, епилепсијата и бројни ментални нарушувања, па сме се убедиле дека станува збор за демон. Но ако ова е вистина, што е со егзорцизмите? Ако сите опседнати луѓе имале шизофренија, како свештениците ги лекувале зборувајќи латински? И овде одговорот се наоѓа во нашиот ум.

Во доцниот 16-ти век, кралот Хенри IV собрал група луѓе за да направи експеримент со жена која тврдела дека е опседната од демони. Ѝ кажале дека луѓето се свештеници и ќе ѝ направат егзорцизам. Свештениците го лажирале целиот настан, и успеале. Прво ѝ дале света вода од црква. Ја ставиле во обичен сад и ѝ кажале дека е обична вода. Вистинската света вода немала никакво влијание на неа. Потоа ѝ ставиле обична вода за која ѝ кажале дека е света, а жената почнала да се грчи од болка. Ставиле и парче железо на неа и ѝ кажале дека е реликвија од крст. Жената повторно чувствувала болка. Исто така, читале и книга на латински и се преправале дека е Библијата. Жената повторно реагирала, иако „свештениците“ ја читале „Енеида“ на Вергилиј. Жената не ги лажирала нејзините реакции, тоа бил нејзиниот ум.

4. Ефектот Форер: Зошто луѓето веруваат во хороскоп?

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Еден човек по име Мајкл Гокелин пуштил реклама на која нудел бесплатна анализа на личноста само врз основа на хороскопскиот знак. Сè што требало да направите е да го испратите вашиот датум на раѓање. Неверојатни 94% од луѓето изјавиле дека Мајкл ги опишал совршено.

Интересно е што Мајкл ја испратил потполно истата анализа на секој човек кој се пријавил. Анализата немала никаква врска со хороскопот. Ова е наречено ефектот Форер, односно волјата на човечкиот ум да верува дека 2 неповрзани настани се поврзани.

5. Парадигмата лажна слава: Зошто луѓето веруваат во минати животи?

Научни објаснувања за 10-те најчести натприродни појави

Причината зошто некои луѓе се убедени дека биле Јованка Орлеанка или работник од древен Египет е многу едноставна – тие имаат многу лошо сеќавање.

Група истражувачи од Универзитетот Мастрихт направил тест наречен „Парадигмата лажна слава“. Во експериментот учествувале луѓе кои биле убедени дека ги помнат нивните минати животи. Тие читале листа од измислени имиња, а следниот ден читале нова листа со познати имиња и имињата од претходниот ден. Луѓето кои верувале дека ги помнат минатите животи инсистирале дека измислените имиња се прекари на познати личности. Со други зборови, нивните сеќавања лесно се мешале. Кога не можеле да се сетат од каде им е познато некое име, нивните мозоци измислувале приказни за да објаснат кои се тие лажни луѓе. Се верува дека се случува истото кога измислуваат приказни за минатите животи.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар