Направете сами: Уникатен ѓердан од бисери и безопасни игли

Малку метал може навистина да го промени класичниот изглед на бисерите и да им даде доза панк и забава. Овој ѓердан е многу лесен за изработка и е совршен начин за привремено (или трајно) да ги освежите бисерите кои почнале да фаќаат прашина во вашата кутија со накит.

(1) Направете сами: Уникатен ѓердан од бисери и безопасни игли

Сè што ви е потребно за оваа изработка се еден бисерен ѓердан и мали златни безопасни игли. Почнете од централниот дел на ѓерданот, така што ќе поставите 1-2 безопасни игли помеѓу секој бисер, движејќи се кон надвор. Откако ќе завршите, поврзете ги вертикалните безопасни со хоризонтални. Правете го тоа сè додека не поставите безопасни игли помеѓу сите бисери. На овој начин за само неколку минути ќе имате модерен и уникатен ѓердан кој ќе сјае на вашиот врат. Погледнете го следниов фото-туторијал и фрлете се веднаш на работа…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар