Направете сами: Како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе?

Деновите се такви, па поголемиот дел од времето го поминуваме дома и излегуваме само кога е потребно. Одвојте време за да создадете нешто креативно и убаво за домот. Нема да ви биде потребно многу време ниту голема умешност, а ќе имате прекрасен украс!

Направете сами: Како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе!

Сè што ви треба е боја за стакло, некаква украсна хартија и панделки.

Со цел да го направите вашиот престој во 4 sида што е можно попријатен и поубав, секогаш е добра идеја да го декорирате со некои детали, а ако тој детаљ е украс што ќе го направите сами, неговиот шарм ќе биде уште поголем.

Ви предлагаме да направите вазна за цвеќиња од обична тегла. Не ви треба посебен материјал или подготовка за ова, само малку боја и украсни панделки.

Поиграјте си со вашата фантазија и пронајдете инспирација да создадете најслатка вазна од обична тегла.

Ако имате боја за стакло дома, едноставно истурете ја во теглата и превртете ја така што бојата ќе ја обои внатрешноста од теглата. За дополнителен шарм, можете да ја декорирате теглата со панделка и – готово!

Дури и обичната тегла во која ќе налеете вода и потоа ќе ставите цвеќиња ќе изгледа одлично. Пронајдете инспирацијата за создавање на најслатка вазна од обична тегла во следниве фотографии.

Можеби сакате да прочитате и неколку луди „направи сам“ идеи кои ќе ве изненадат со нивната креативност и корисност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар