Направете го овој тест за да добиете совет од вашиот ангел!

Направете го овој тест за да добиете совет од вашиот ангел!

Еден од овие ангели носи порака за вас. Прочитајте ја внимателно бидејќи таа претставува и животен совет кој може да ве доведе поблизу до среќата!

Направете го овој тест за да добиете совет од вашиот ангел!

  • Ангел бр. 1

    Овој ангел ви порачува дека вашата потрага по одговори заврши и дека сега е време за успех. Всушност, можеби сте воделе и духовна потрага обидувајќи се да одговорите на прашањата „кој/а сум јас“, „кој е мојот пат“, или потрага по работа или деловен партнер кој би можел да ги разбере вашите идеи. Вака или онака, вашата потрага заврши и сега е доволно да погледнете околу вас и да почнете со работа. Запомнете дека најскапоценото нешто што го поседувате е вашето време и дека не смеете залудно да го трошите.

  • Ангел бр. 2

    Овој ангел ви носи одлична вест: набргу ќе започне вашето искачување по скалата на успехот, а самиот тој факт ќе ве исполни со енергија, сила и моќ. Наскоро грижите и апатијата ќе исчезнат и ќе бидат заменети со нова сила. Но, не заборавајте дека вашата задача е да се подготвите за промените. Освен тоа, не им дозволувајте на другите да ви кажат што треба да правите: вие сте единствените кои знаете што е тоа што ве мотивира и што ви носи среќа, дури и ако се работи за нешто што не се вклопува во стандардите.

  • Ангел бр. 3

    Неопходно е да ги ослободите сите ваши блокади и сè што досега беше под клуч во вашата душа. Прочистете ги вашите мисли и чувства. Дајте си слобода и простор и откријте му го на светот вашето вистинско „јас“. Бидете свесни не само за своите предности туку и за сопствените недостатоци. Не заборавајте дека да се сакате себеси не значи да бидете себични и егоцентрични – напротив, тоа значи да бидете свесни за сопствените силни и слаби страни и прифаќање на вашето „јас“. Освен тоа, самопочитта е првиот чекор кон успехот.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што е тоа што набргу ќе се врати во вашиот живот.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар