Најсмешните ситуации низ кои поминале докторите со своите пациенти

Одењето на лекар не е секогаш најлесното нешто, особено кога треба да го објасните вашиот проблем. Можеби мислите дека вашата средба со лекарот ќе биде тајна и дека што и да кажете ќе остане меѓу вас, без разлика колку глупаво звучи, но лекарите од Редит одлучиле да ги споделат најчудните прашања кои ги слушнале од своите пациенти. Тие без сомнение ќе ве насмеат и ќе ви го разубават денот!

Најсмешните прашања кои пациентите им ги поставиле на докторите

„Имав пациент кој ми кажа дека не можел да го витка коленото. Му реков да ги соблече панталоните за да видам што е проблемот. Откако ги соблече сфатив дека причината за проблемот е тоа што имаше лонгета на ногата. Го проверив неговиот картон и забележав дека неколку пати го викале за да ја извадат лонгетата, но тој не се појавил.“

„Морав да ѝ објаснам на 17-годишна девојка и на нејзината мајка дека таа не е алергична на алкохол, туку дека тоа што го чувствува се вика мамурлак. Се пожали дека вечерта кога пиела премногу вотка, особено на празен стомак, чувствувала гадење и понекогаш повраќала наутро. Но тоа не се случувало постојано и немаше други симптоми за алергиска реакција.“

„Мајка и баба донесоа 12-годишно девојче во болницата бидејќи крвавеше, но не од повреда. Девојчето добило менструација, но мајката не сакала да ѝ објаснува што се случило и што ќе се случува понатаму.“

„Еднаш имаше едно дете кое проголтало магнет што стигнал до цревата, па чекавме да го исфрли. Утредента момчето ни кажа дека проголтало втор магнет кој се закачил на првиот преку стомачниот ѕид, па моравме да правиме операција.“

„Татко ми е ортопедски хирург кој прави многу операции на колкови и колена и секогаш се смее кога ја раскажува приказната за жената која не знаела како функционира операцијата на колкот. Таа мислела дека ѝ ја вадат ногата, го средуваат колкот, па ја враќаат ногата назад.“

„Болничар сум и добив повик за мозочен удар. Пациентката имаше опаѓање на мускулите на лицето и заматен говор, и кажа дека се чувствувала како последниот пат кога имала мозочен удар пред 10 години. Изјави дека симптомите се појавиле пред 4 денови, но не дошла во болницата бидејќи мислела дека самата ќе се справи.“

„Познавам едно момче кое во паника отиде на лекар мислејќи дека има рак бидејќи кога си ја истегнал веѓата му излегле неколку влакна.“

„Едно момче имаше алергиска реакција од храна, но не беше сигурен дека бил навистина алергичен, па си направи тест. Дојде во болницата и јадеше од храната. И беше алергичен.“

„Еден пациент ме праша дали неговиот рак на белите дробови има каква било врска со тоа што пушел 50 цигари дневно. Бидејќи пушел тутун, мислел дека тоа не важи.“

„Една пациентка се воздржуваше од испуштање гасови до степен на болка бидејќи мислеше дека секоја личност има одредено количество воздух кое ако го испушти ќе се издува.“

„20-годишна девојка и нејзиниот вереник откриле дека е бремена. Ја прашав дали пуши, и ми рече дека пушела една кутија дневно. Ѝ реков да престане. Таа ми рече дека сестра ѝ ѝ кажала дека ако прекинела бебето ќе го фатела криза и ќе умрело.“

„Една пациентка рече дека со сопругот се обидувале да забременат, но 5 години немале успех. Ја прашав дали прима некаква терапија за неплодност и ми рече не, но пиела пилули за контрацепција во последните 7 години. Кога ја прашав зошто пие контрацепциски пилули кога сака да остане бремена, ми рече дека сакала да знае кога ќе ѝ дојде менструацијата.“

„Работам во брза помош. Добив повик од жена за болка во градите и на крај излезе дека била разочарана затоа што сопругот отишол да се коцка без неа. Друг пат дојдоа татко и ќерка убедени дека имаат сипаници. Целото попладне го поминале ловејќи риби и беа изедени од песочни муви. Друг пат дојде човек со болки во стомакот. Потоа ни кажа дека не го сакал вкусот на питата што ја изел, па сакал да ја отстраниме.“

Погледнете ги и овие урнебесни пораки оставени помеѓу цимери.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар