Што сè орбитира околу Земјата во моментов?

Што сè орбитира околу Земјата во моментов?

Областа околу нашата планета е преполна со сателити, вселенски станици и остатоци од вселенски тела чиј животен век истекол, а сега можеме и да ги следиме и да дознаеме нешто повеќе за нив.

Што сè орбитира околу Земјата во моментов?

На веб-сајтот Stuff in Space, може да се најде симулација на секој сателит или поголем вселенски објект што во моментов се наоѓа околу нас.

Корисникот може да доближи и да врти кругови, да одбере објект и да дознае многу повеќе информации зошто тој се наоѓа во орбитата на нашата планета. Што е најважно, сите податоци се обновуваат во реално време.

Симулацијата ја изработил Џејмс Јодер, студент од Институтот за електротехничко и компјутерско инженерство при Универзитетот во Тексас.

Што сè орбитира околу Земјата во моментов?

Погледнете го и овој вселенски поглед од вселената кон Земјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар