Најмладата милијардерка во светот: Таа го сруши рекордот на Марк Закерберг!

Најмладата милијардерка во светот: Таа го сруши рекордот на Марк Закерберг!

Најмладата сестра од кланот Кардашијан-Џенер неодамна ја заработи својата прва милијарда. Станува збор за 21-годишната Кајли Џенер која официјално станала најмладата милијардерка во историјата што самата ги заработила своите пари.

Кајли минатата година прв пат се појавила на насловната страница на угледното финансиско списание Форбс, каде што било објавено дека таа наскоро може да го сруши рекордот кој дотогаш го држел основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, со стекнување статус на милијардер на 23 години.

За разлика од Марк Закерберг, Кајли Џенер ја заработила својата милијарда благодарение на нејзиниот бјути бренд Кајли Козметикс, во комбинација со парите што ги заработува од семејното шоу и соработката со други познати брендови.

Тоа што можеби е поинтересно е фактот што во моментов Кајли е официјално најбогатиот член од нејзиното семејство.

Запознајте ги и овие 8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар