Најголемата причина за појава на депресија ширум целиот свет

Најголемата причина за појава на депресија ширум целиот свет

Според една група истражувачи од неколку различни држави во светот, луѓето кои страдале од злоупотреба за време на нивното детство имаат поголеми шанси да бидат дијагностицирани со клиничка депресија отколку оние кои имаат генетска предиспозиција за оваа состојба.

Најголемата причина за појава на депресија ширум целиот свет

За време на 3-годишниот експеримент, научниците анализирале пациенти од 41 различна здравствена установа во 7 различни шпански провинции. Тие биле на возраст од 18 до 75 години.

Она што го откриле преку генетско тестирање било неверојатно. Учесниците кои покажувале ограничена функција на гените поврзани со протеинот BDFN (невротрофичен мозочен фактор) и со пренесувањето на серотонинот, биле многу посензитивни во однос на штетните ефекти од злоупотребата во детството – без разлика дали била психолошка, физичка или сексуална. Со други зборови, овој конкретен недостаток на активност во генот кој е измешан со насилна историја може да резултира со зголемен ризик од развивање депресија.

Бланка Гутиерез, професор во одделот за психијатрија на Универзитетот во Гранада и водечкиот координатор на оваа студија вели дека овие пронајдоци се клучни во однос на третманот.

„Тоа е важен резултат кој ни укажува на тројната генетска поврзаност, што има многу поголема важност доколку се земе предвид дека реакциите на антидепресивите се чини се фундаментално условени од протеините кодифицирани од страна на двата гени кои ги проучувавме.“

Ново слично истражување покажало и дека 8% од жителите на Америка доживуваат умерена до сериозна депресија, а само третина од нив бараат помош од експерт за ментално здравје. Националниот центар за статистика открил дека депресијата е почеста кај жените на возраст од 40 до 59 години.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар