Најдобрите цитати на Фридрих Ниче за смислата на животот

Најдобрите цитати на Фридрих Ниче за смислата на животот

Делата на познатиот филозоф, есеист и културен критичар, Фридрих Ниче, извршиле големо влијание врз западната филозофија. Тие опфаќаат широк спектар на теми, вклучувајќи историја, религија, уметност, култура и филологија. Освен тоа, неговото творештво било извор на инспирација и за генерации филозофи, психолози, поети, теолози, драматурзи и романсиери. Во продолжение прочитајте ги неговите најдобри цитати.

Најдобрите цитати на Фридрих Ниче за смислата на животот

„Браковите се несреќни не поради недостатокот на љубов туку поради недостатокот на пријателство.“

„Да се живее значи да се страда, да се преживее значи да се најде смисла во страдањето.“

„Го сакаме животот не поради тоа што сме навикнати да живееме туку поради тоа што сме навикнати да сакаме.“

„Сè што е направено во името на љубовта е над доброто и злото.“

„Уметноста е вистинската смисла на животот.“

„За мене не постои подобра животна цел од тоа да загинам во обидот да го постигнам големото и невозможното.“

„Најсигурниот начин да го подмитите младиот човек е да го обучите да ги почитува неговите истомисленици отколку да ги почитува оние кои размислуваат поинаку од него.“

„Под оваа реалност во која живееме и битисуваме се крие друга, поинаква реалност.“

„Луѓето секогаш му се лути на оној кој секогаш прави индивидуален избор во животот; тие се чувствуваат како деградирани и обични суштества токму поради тоа што тој човек си пружи извонреден третман.“

„Не сум лут што ме излажа, лут сум што отсега понатаму не можам да ти верувам.“

„Мислите се сенки на нашите чувства – секогаш потемни, попразни и поедноставни.“

„Колку повисоко се вивнуваме толку помали им изгледаме на оние кои не можат да летаат.“

Откако ги прочитавте најдобрите цитати на Фридрих Ниче, можеби ќе сакате да ги прочитате и безвременските цитати кои нè потсетуваат на моќта на љубовта.

Извор: everydaypower.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар