Најчестите кошмари и нивното значење

Најчестите кошмари и нивното значење

Стручњаците сметаат дека кошмарите се начин на кој вашата потсвест го привлекува вниманието во врска со ситуацијата која ја избегнувате, но која очигледно ви предизвикува проблеми. Заради тоа, најдобро решение е да се соочите со ситуацијата. Мајкл Виго, американски толкувач на соништата, утврдил кои се најчестите кошмари и што тие значат.

Најчестите кошмари и нивното значење

Застрелани сте

Ако сонувате дека некој пука во вас, тоа би можело да значи дека се соочувате со некаква конфронтација во животот. Се чувствувате како да сте жртва во одредена ситуација.

Ви паѓаат забите

Ова е еден од почестите кошмари. Бидејќи ваквиот сон е поврзан со физичкиот изглед, може да потекнува од вашиот страв од одбивање или од сознанието дека стареете. Истражувањата потврдиле дека жените во менопауза почесто имаат кошмари поврзани со забите. Заради тоа, овој сон се поврзува со процесот на стареење и со комплексот на пониска вредност.

Најчестите кошмари и нивното значење

Во стапица сте

Сонот во кој сте фатени во стапица или се наоѓате во безизлезна ситуација, може да значи дека сте ограничени во однос на работата, кариерата, здравјето или љубовта. Можеби сте презафатени, постојано брзате или сте изморени од секојдневната монотонија.

Се давите

Овој сон може да означува дека сте преоптоварени со најразлични емоции и дека потребите ве прогонуваат. Исто така, може да значи и дека премногу брзате да ги откриете вашите потсвесни мисли. Треба да забавите малку. Ако во сонот нема кој да ве извади од водата, тоа значи дека ве очекува емоционална преродба. Ако го преживеете давењето, значи дека ќе надминете некоја поголема пречка.

Најчестите кошмари и нивното значење

Умирате

Иако сонот во кој ја доживувате сопствената смрт често се поврзува со анксиозност и страв, овој сон може да значи и дека ве очекува некоја голема шанса. Обично ваквиот сон е симбол за нешто добро. Но доколку почесто имате ваков кошмар, тоа може да биде знак дека сте дел од врска која ви нанесува болка.

Некој ве брка

Ако сонувате дека некој ве брка, тоа е знак дека сте несигурни. Сонот во кој бегате од некое животно е симбол за скриен бес. Токму животното го означува бесот. Освен тоа, ваквиот кошмар може да значи и дека бегате од некаков страв.

Најчестите кошмари и нивното значење

Сообраќајна несреќа

Сонот во кој откажуваат сопирачките на автомобилот значи дека ја губите стабилноста во животот. Случувањата ви се надвор од контрола и треба да направите значајни промени. Ако се наоѓате во автомобил без возач, тоа е знак дека не ја преземате одговорноста за сопствените постапки.

Апокалипса

Да го сонувате крајот на светот значи дека сте под голем стрес. Исто така, може да значи и дека сте беспомошни и ранливи.

Не можете да дишете

Сонот во кој останувате без здив е знак за исцрпеност. Според истражувањата, овој кошмар е почест кај оние кои страдаат од астма.

Најчестите кошмари и нивното значење

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар