Нацртајте спирала и дознајте нешто повеќе за себе!

Тестовите на личноста се секогаш забавни, интересни, но и поучни. Тие ни помагаат подобро да се запознаеме себеси и да станеме свесни за некои наши скриени карактерни особини. Доколку сте расположени да дознаете нешто повеќе за себе, ние ви го нудиме следниов едноставен, но неверојатен точен тест. Сѐ што треба да направите е да нацртате спирала и да обрнете внимание на начинот на цртање.

Нацртајте спирала и дознајте нешто повеќе за себе!

Нацртавте спирала? Тогаш, подготвени сте за резултатите од тестот…

Ако ја цртате однатре кон нанадвор…

Кога сакате некого, тоа е еден од најголемите животни дарови. Познато е дека сте неверојатно грижливи и дека сте секогаш тука за вашите пријатели на кои им треба рамо за плачење. Вие сте страсни љубовници, имате силна волја и го разбирате значењето на љубезноста и сочувството. Никогаш не се двоумите дали да ја понудите вашата помош. Вие сте љубезни, вредни и добри пријатели.

Ако ја цртате однадвор кон навнатре…

Отсекогаш сте биле мудри и зрели за своја возраст. Верувате дека љубезноста, трудољубивоста и издржливоста се пресудните особини што сите луѓе треба да ги имаат, но никогаш не ја занемарувате ниту забавата со семејството и пријателите. Вие сте многу длабоки и сите можат да сметаат на вас. Претпочитате да размислувате логично, но сепак го следите и вашето срце. Не сакате да се карате со луѓето, но ако еднаш одлучите да го прекинете односот, нема враќање назад!

Доколку ви се допадна овој тест, нацртајте прасе и дознајте повеќе за вашиот карактер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар