Прекрасна венчавка во Дизниленд ни докажува дека магијата сепак постои

Многумина сонуваат за венчавка во светот на Дизни, но овој пар отишол еден чекор подалеку. Гилберт Хернандез и Сара Кабилинг на 8-ми септември се венчале во Дизниленд во Калифорнија, а целиот настан бил волшебен.

(1)venchavka-vo-diznilend-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mk

Гилберт и Сара ја оживеале нивната фантазија. Вистинската церемонија се одржувала на друго место, во чест на починатата баба на Сара. Но, забавата ја продолжиле и во Дизниленд.

(2)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mk

Во Дизниленд бил првиот одмор на овој пар, и оттогаш го посетувале секоја година.

„Сакавме со пријателите и семејството да ја споделиме магијата која ја чувствуваме кога сме во паркот“, изјавил Хернандез.

(3)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mk

Фотографот Џена Хендерсон, која прави фотографии инспирирани од бајките, ја овековечила и свадбата на Сара и Гилберт.

(4)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mk

Во планирањето на свадбата помогнале и Disney’s Fairy Tale Weddings, па можеби поради ова целиот настан изгледа како од бајка.

(5)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mk

На церемонијата се појавиле и Мики и Мини.

(6)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mk

Кога завршил приемот, гостите биле поканети на огномет. Замислете во Дизниленд да направат огномет само за вас!

(7)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mk

На крај, Сара и Гилберт изнајмиле една од атракциите од филмот Приказна за играчките (Toy Story) и секој од гостите можел да се вози.

(8)venchavka-vo-dizniled-koja-dokazhuva-deka-magijata-sepak-postoi-kafepauza.mk

Гилберт изјавил дека омилениот дел од целиот настан му бил кога Сара пристигнала со кочијата.

„Бев преплавен со чувства и не можев да се воздржам. Во тој момент ништо друго не ми беше важно.“

Овие двајца навистина го имале својот среќен крај како во бајките.

Ако пак сте љубители на Хари Потер, оваа венчавка ќе ве остави без зборови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар