Начинот на кој овие татко и ќерка го почнуваат денот стана вистинска Интернет сензација

Многу често се вели дека „По утрото се познава денот“, па така овие татко и ќерка гледаат секое утро да им почне на позитивен начин. Рон Алстон од Вирџинија, САД, од неодамна започнал утрински ритуал со неговата 3-годишна ќеркичка Алаја. Тие се гледаат во огледало и го кажуваат следново:

Начинот на кој овие татко и ќерка го почнуваат денот стана вистинска Интернет сензација

„Јас сум силен/силна. Јас сум паметен/паметна. Јас работам напорно. Јас сум прекрасен/прекрасна. Јас сум достоинствен/а. Јас не сум подобар/подобра од никој друг. Никој не е подобар од мене. Јас сум неверојатен/неверојатна. Јас сум супер.“

Кога секој од нас би го следел овој пример секој ден, многу полесно би сфатиле дека секое утро може да биде убаво. Иако овој метод е многу едноставен, Рон верува дека е многу ефективен и дека ѝ помага на ќерка му да стане среќна и самоуверена личност.

Начинот на кој овие татко и ќерка го почнуваат денот стана вистинска Интернет сензација

Повеќе од 14 милиони Фејсбук корисници, како и голем број Јутјуб корисници го прегледале видеото од таткото и ќерката како го прават нивниот позитивен ритуал. Многумина од нив, претежно родители, му се заблагодариле на Рон што им дал одличен пример за тоа како да му се помогне на детето да изгради самодоверба.

Рон вели дека татко му го правел истиот ритуал со него кога бил дете и тоа многу му помогнало да се соочи со сите животни предизвици. Не одзема многу време, а може да го промени животот на секој човек и да го направи поубав.

„Многу е важно децата да развијат внатрешна самодоверба, да бидат скромни и да знаат колку вредат. Светот може да биде тешко место за живеење, но секое дете треба да знае дека е посебно и неверојатно“, објаснува Рон.

Начинот на кој овие татко и ќерка го почнуваат денот стана вистинска Интернет сензација

Како што вели Рон, овој метод е многу едноставен, па така нема да изгубите ништо ако се обидете да го практикувате неколку утра по ред. А доколку имате деца, уште веднаш почнете да го применувате со нив и ќе видите како тие полека се претвораат во самоуверени и независни личности.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар