Мудри мисли од единствениот Иво Андриќ

Мудри мисли од единствениот Иво Андриќ

Иво Андриќ е роден на 9 октомври 1892, а починал на 13 март 1975. Тој е југословенски писател и добитник на Нобеловата награда за литература во 1961-та година. Во неговите дела најчесто обработува теми поврзани со неговата родна Босна, за време на отоманското владеење. Материјалите за неговите дела најчесто ги црпел од историјата, фолклорот, културата на Босна и Херцеговина.

(0) mudri-misli-od-edinstveniot-Ivo-Andrich-kafepauza.mk

Негови најпознати дела се: „Мостот на Дрина“, „Босански хроники“, „Жената од Сараево“. Овие три дела биле издадени во 1945-та година и напишани во текот на Втората светска војна, додека Андриќ повлечено живеел во Белград. Често за нив се вели дека се босанска трилогија затоа што се издадени едноподруго и се напишани во ист период. Сепак, тие се само тематски поврзани и всушност содржински претставуваат три различни дела. Други негови познати дела се: „Ex Ponto“, „Немири“, „Патувањата на Алија Ѓерзелез“, „Приказна за везирскиот слон“, „Проклета авлија“ и „Омерпаша Латас“.

„Луѓето кои не работат и не преземаат ништо во животот, лесно го губат трпението и погрешно судат за туѓиот труд.“

„Текот на настаните во животот не зависи од нас, воопшто или многу малку, но начинот на кој се носиме со нив во голема мера зависи од нас.“

„Во внатрешните борби што човекот ги води со себе и со непознатите сили во себе, повеќе од каде било важи правилото: никогаш не предавај се.“

„Човекот може да живее и од еден збор само доколку има решеност да се бори и така борејќи се, да се одржува во живот.“

„За животот треба многу напор и за секој напор несразмерно многу храброст.“

„Ништо не ги поврзува луѓето повеќе од заеднички среќно преживеана несреќа.“

„Страста за вистината е најдобар израз на животната сила на човекот и претставува посебен облик на неговата самопочит.“

„И доблестите на еден човек потполно ги прифаќаме и цениме само кога ќе ни се прикажат во облик во кој тие одговараат на нашите сфаќања и околности.“

„Од страв луѓето се злобни, подли и сурови, но од страв тие може да бидат и дарежливи, па дури и добри.“

„Имаше толку многу работи во животот од кои се плашевме. А не требаше. Требаше да живееме.“

„Во некои луѓе има толку непотребна омраза и завист, кои се многу поголеми и посилни од сѐ што другите луѓе можат да измислат и створат.“

„Не постојат способности и добри особини што не сакаме да си ги припишеме на себеси; само што таквата желба во нас ја стишува разумот, но ограничените и едноставни луѓе не можат да ја скријат, па за неа отворено зборуваат, јавно се брукаат и изгледаат смешни.“

„Дрскоста и упорноста се брат и сестра. Дрските и упорни луѓе не можат да ги поправат своите мани и слабости бидејќи тие никогаш не ги чувствуваат последиците од своите мани на себе и не забележуваат дека ги имаат. И затоа од такви луѓе треба да се бега што е можно подалеку.“

„Животот без радост, движење и новости не е живот, туку само голо постоење, робување на животот.“

„Тоа што не боли не е живот, тоа што не поминува не е среќа.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар