Мудри цитати на готската поетеса Емили Дикинсон

Мудри цитати на готската поетеса Емили Дикинсон

Животот на Емили Дикинсон е вистинска мистерија, но нејзиното творештво ја обележува не само американската туку и светската литература. Дикинсон водела мистичен живот, одвојувајќи се од општеството и минувајќи го времето сама во својата соба. Позната е по тоа што носела само бела облека, не примала посетители во својот дом и неуморно работела на своите поеми. Како што е случајот со многу познати писатели и поети, Дикинсон не била многу позната додека била жива. Всушност многу мал дел од нејзините поеми биле објавени за време на нејзиниот живот. По нејзината смрт сестра ѝ ги открила другите поеми, скриени во ковчег и зацврстени со сини ленти.

Мудри цитати на готската поетеса Емили Дикинсон

Емили Дикинсон е можеби и најпознатиот претставник на готската литература (уште позната како готски хорор), која како литературно движење во Америка започнува со мрачните и сурови дела на неповторливиот и контроверзен Едгар Алан По. Ова се само дел од цитатите на Дикинсон како и извадоци од нејзини поеми кои ја претставуваат во вистинско светло – вистински уметник и талентирана поетеса која започнува една нова ера во светската литература.

„Некажувањето ништо понекогаш кажува сè.“

„Ако успеам да спасам макар едно срце, не живеам залудно.“

„Кучињата се подобри од луѓето бидејќи знаат, но не кажуваат.“

„Надежта е птица што мирува во душата и ги пее мелодиите без зборови, и никогаш не запира.“

„Пронајдете екстаза во животот, самото чувство дека живеете е радост сама по себе.“

„Ако читам книга која толку ми го заледува телото што ниеден оган не би можел да ме затопли, знам дека читам поезија.“

„Утрото без тебе е зора што избледува.“

„На луѓето им се потребни тешки времиња и притисоци за да развијат психички мускули.“

„Ранетиот елен скока највисоко.“

„Моите пријатели се мојот имот.“

„’Засекогаш’ е составен од повеќе ‘сега’.“

„Мозокот е поширок од небото.“

„Да се живее е толку потресно што остава малку време за што било друго.“

„Не сакам човек кој би го прокоцкал животот за слава, најдете ми таков кој живеејќи си гради име.“

„Подобро да бидеш чеканот отколку шајката.“



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар