Момче кое пее исто како Шакира

Момче кое пее исто како Шакира

Момчето Родолфо Бургос се пријавило на чилеанското телевизиско шоу за таленти „Yo Soy“, што во превод значи „Јас сум“, на кое натпреварувачите имитираат познати пејачи. Кога тој им кажува на членовите на жири комисијата дека ќе ја имитира Шакира, тие почнуваат да му се смеат, меѓутоа после првиот стих целото студио останува во шок.Момче кое пее исто како Шакира

Родолфо звучи толку идентично како колумбиската пејачка, што ја испровоцирал и самата Шакира да напише на нејзиниот профил на Твитер: „Ви го претставувам Шакиро! Би ми било задоволство да го запознаам кога ќе отидам во Чиле.“

Ова видео може да биде и по малку вознемирувачко за припадниците на посилниот пол, бидејќи отсега па натаму, секогаш кога ќе го слушнат гласот на Шакира, ќе се присетуваат на ова момче, а не на нејзиното секси обликуваното тело. 🙂

Дополнување 18.03.2011

Како што напиша на својот профил на Твитер, така и стори: Шакира официјално се запозна со Шакиро! 🙂 Нели се преслатки?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар