Моќни цитати кои ќе ви го сменат начинот на размислување, но и самиот живот - Part 4

Моќни цитати кои ќе ви го сменат начинот на размислување, но и самиот живот

7-mokjni-citati-koi-kje-vi-go-smenat-nachinot-na-razmisluvanje-no-i-samiot-zhivot-kafepauza.mk

„Ако сакате да дознаете каков е некој маж, погледнете како ги третира неговите подредени, не еднаквите на себе.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Вистинскиот тест за вашата личност е начинот на кој ги третирате подредените, бидејќи лесно е да се однесувате добро со надредените и еднаквите на себе.

„Сè што научив за животот можам да го кажам во три збора: животот продолжува понатаму.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Без оглед што ви се случило, добро или лошо, можете да најдете утеха во тоа дека животот продолжува понатаму.

„Смртта го прекинува животот, а не врската.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Тагувајте за нечија смрт, но сепак знајте дека таа личност засекогаш ќе биде во вашето срце. Вие сте ја загубиле само во физичка смисла, но вашите најблиски секогаш остануваат со вас.

„Подобро повреди ме со вистината отколку да ми угодуваш со лагата.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Можеби вистината ќе ве повреди, но така е подобро отколку да живеете во лага. Користете го овој пристап кон вашите најблиски: подобро е да им ја кажете вистината, отколку да ги излажете за да се чувствуваат подобро. Да се биде добар пријател понекогаш значи да го кажете она што блиските треба да го слушнат, а не она што сакаат да го слушнат.

„Грижата не ја одзема тагата од утешниот ден, туку ја зема енергијата од денешниот.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Грижата нема да ви помогне да решите нешто – таа само ги осиромашува вашите внатрешни ресурси.

8-mokjni-citati-koi-kje-vi-go-smenat-nachinot-na-razmisluvanje-no-i-samiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

„Зарем не ги уништувам моите непријатели со тоа што ги правам пријатели?“

Лекцијата што ќе ја научите:

Борејќи се со својот непријател, вие се повредувате себеси, но и него. Правејќи го него свој пријател, тој повеќе нема да ви биде непријател. Мирот секогаш ја победува војната.

„Единствениот начин да бидете одлични во работата е да го сакате она што го правите. Ако сè уште не сте пронашле тоа, продолжете да барате. Не се помирувајте. Како и за сите работи со срцето, ќе знаете кога ќе го пронајдете.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Тајната на постигнувањето добри резултати е во љубовта кон она што го правите. Продолжете да чекорите до кариерата за којашто сонувате.

„Вчера е историја. Утре е мистерија. Денес е подарок, затоа се вика сегашност.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Живејте во сегашноста и не дозволувајте минатото и иднината да ви попречуваат во тоа.

„Среќата е остаток од планирањето.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Многу нешта не се случуваат случајно. Треба да работите за да ја создадете сопствената среќа со труд и паметно планирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар