Моќни цитати кои ќе ви го сменат начинот на размислување, но и самиот живот

Зборовите имаат моќ – и овие цитати ќе го сменат начинот на којшто размислувате и ги сфаќате работите. Но исто така, тие ќе извршат позитивни промени во вашиот живот.

1-mokjni-citati-koi-kje-vi-go-smenat-nachinot-na-razmisluvanje-no-i-samiot-zhivot-kafepauza.mk

„Простете им на другите. Не бидејќи тие заслужуваат прошка, туку бидејќи вие заслужувате мир.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Ако сте лути на некого, единствениот кој ќе биде повреден од тоа ќе бидете вие. Оставете ја лутината настрана, не поради другите, туку поради себе. Запомнете, простувањето не значи заборавање. Простувањето подразбира да го прифатите она што се случило.

„Повеќето луѓе не слушаат со намера да разберат. Повеќето луѓе слушаат со намера да одговорат.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Запрашајте се себеси дали навистина ги слушате другите кога ви зборуваат или вниманието ви го одвлекува сопственото брборење. Сослушувањето значи да се остане тивок и да им се даде шанса на другите кои зборуваат. Сослушајте ги, а потоа може да го дадете вашето мислење.

„Причината поради која се соочуваме со несигурност е тоа што ја споредуваме нашата содржина со нечија туѓа корица.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Вие можеби мислите дека сите останати се подобри од вас, но вие ја гледате само нивната корица. Сите имаат свои стравови и слабости – на крајот, сите ние сме луѓе. Престанете да се споредувате со другите, бидејќи секогаш ќе ви се чини дека сте во нешто помалку од нив.

„Научив дека луѓето ќе заборават што си им кажал, ќе заборават што си направил за нив, но тие никогаш нема да заборават како си направил да се чувствуваат.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Нема да ги запомниме деталите, но секогаш ќе го помниме влијанието што некоја личност го имала врз нас.

„Помислете на најатрактивната личност којашто ја познавате. Дури и таа личност, во некој момент, има дијареја.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Никој не е совршен – дури и Џенифер Лоренс некогаш има дијареја, најверојатно.

2-mokjni-citati-koi-kje-vi-go-smenat-nachinot-na-razmisluvanje-no-i-samiot-zhivot-kafepauza.mk

„Бродот е сигурен на пристаништето, но бродовите не се направени за тоа.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Нас може да ни биде сигурно и удобно дома, но поентата на животот е да имаме што повеќе авантури и да го живееме животот во целост.

„Ако минувате низ пеколот, продолжете да чекорите.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Единствениот начин да излезете од некоја лоша ситуација е да се обидувате да излезете од неа.

„Јас не ги бројам моите склекови. Започнувам да ги бројам кога ќе почне да боли. Тогаш започнувам да бројам, бидејќи тоа навистина се важи. Тоа е она што ве прави шампион.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Победите се бројат само тогаш кога во нив е вложен вистински напор. Мотивирајте се себеси од победите за кои сте морале да се потрудите.

„Ако јајцето се скрши од надворешната сила – еден живот завршува. Ако се скрши од внатрешната сила – еден живот започнува. Одличните работи секогаш започнуваат однатре.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Вистинските промени може да дојдат само однатре.

„Будалата не знаеше дали е тоа возможно, па го направи.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Немојте да сопирате пред границите кои самите сте си ги поставиле. Сè е возможно!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар