Моќни цитати кои ќе ви го сменат начинот на размислување, но и самиот живот - Part 3

Моќни цитати кои ќе ви го сменат начинот на размислување, но и самиот живот

5-mokjni-citati-koi-kje-vi-go-smenat-nachinot-na-razmisluvanje-no-i-samiot-zhivot-kafepauza.mk

„Ние за нас судиме по нашите намери, а на другите им судиме по нивните постапки.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Пред да им судите на другите сетете се дека можеби не ја гледате целата слика. Нивните намери можеби не се совпаѓаат со нивните постапки. Пред да судите нечии постапки, дознајте ги нивните намери.

„Времето кое го губите за уживање не е залудно потрошено време.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Не оптоварувајте се да ги правите оние активности кои општеството ги смета за „добро потрошено време“. Ако некоја активност ве прави среќни, тоа време за вас е добро потрошено.

„Вистина е дека сите ќе ве повредат. Вие треба само да ги пронајдете оние кои се вредни за тоа.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Сите ние сме луѓе, па сите ние ќе направиме неколку грешки.

„Вистина е дека аеродромите имаат видено повеќе искрени бакнежи отколку свадбените хали, и дека ѕидовите на болниците имаат слушнато повеќе молитви отколку ѕидовите на црквата.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Не заборавајте дека љубовта и верата се присутни и во малите моменти. Тие моменти вредат цело богатство.

„Без разлика колку е голем вашиот талент и напор, за некои работи е потребно време. Не може да добиете бебе за еден месец ако забремените девет жени.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Имајте трпение. Понекогаш не може да ги забрзате работите.

6-mokjni-citati-koi-kje-vi-go-smenat-nachinot-na-razmisluvanje-no-i-samiot-zhivot-kafepauza.mk

„Ако ја кажувате вистината, нема потреба да помните ништо.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Лагите и преувеличувањето некогаш ќе излезат на виделина, па за да имате добар живот, секогаш кажувајте ја вистината. Никогаш нема да се грижите да не кажете нешто погрешно.

„Бидете личноста која вашето куче мисли дека сте.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Вашето куче мисли дека вие сте неговиот свет. Тоа мисли дека вие сте некој на кого му е потребно љубов, наклонетост и верност. Тоа гледа кои сте вие навистина и ве сака безусловно. Гледајте се себеси преку очите на вашето куче. Обидете се да бидете она што тоа мисли дека сте – замислете кои промени можете да ги направите во светот.

„Знам со сигурност дека кон што тежнееме, тоа стануваме.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Бидете претпазливи што мислите. Ако тоа е нешто негативно, може да станете негативна личност. Од друга страна пак, ако тоа е нешто позитивно, ќе станете попозитивна личност. Обидете се да размислувате за подобрата страна на работите.

„За секоја минута додека сте лути губите 60 секунди среќа.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Времето и енергијата кои ги трошите додека сте лути, можете да ги потрошите на нешто што ќе ве развесели. Оставете ги настрана лутината и омразата.

„Тој што прашува останува будала пет минути. Тој што не прашува останува будала засекогаш.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Ако не поставувате прашања, никогаш нема да го дознаете одговорот. Не плашете се да ги поставите, бидејќи луѓето ќе ја цената вашата љубопитност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар