Моќни цитати кои ќе ви го сменат начинот на размислување, но и самиот живот - Part 2

Моќни цитати кои ќе ви го сменат начинот на размислување, но и самиот живот

3-mokjni-citati-koi-kje-vi-go-smenat-nachinot-na-razmisluvanje-no-i-samiot-zhivot-kafepauza.mk

„Бидете она што сте и кажувајте го она што го мислите, бидејќи тие на коишто им пречите не се важни, а на тие коишто се важни не им пречи.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Бидете она што навистина сте и само луѓето кои ќе ве прифатат такви какви што сте, вреди да ги чувате покрај себе. Оние кои нема да ве прифатат, не се вредни за вашето време и енергија.

„Ти може да имаш поголем талент од мене, може да си попаметен од мене, може да си позгоден од мене, може да си подобар од мене во сите девет категории, но ако се качиме заедно на лентата за трчање, може да се случат две работи: или ти прв ќе отпаднеш или јас ќе умрам. Едноставно, нели?

Лекцијата што ќе ја научите:

Некој може да биде подобар од вас во повеќе аспекти, можеби бидејќи е природно надарен. Но, упорноста и напорната работа секогаш го победуваат талентот.

„Единствениот неуспех во вашите дваесетти години е пасивноста. Сето останато е обиди и грешки.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Тој период од вашиот живот е време за експериментирање. Ако не пробате, нема да успеете. Уживајте преземајќи ризици додека сте млади.

„Замислете дека имате банкарска сметка и дека балансот секој ден ви е 86.400 денари. Таа се дополнува секое утро. Секоја вечер банката го брише оној дел кој не сте успеале да го потрошите и ви доделува нова сума следното утро. Што би направиле? Би го потрошиле секој денар до вечерта, нормално. Секој од нас ја има таа банка, се вика време. Секое утро се полни со 86.400 секунди. Секоја вечер се брише изгубеното време, она што не сте го искористиле за добра цел. Утредента се ставаат нови секунди на вашата сметка. Секоја вечер се горат изгубените. Ако не успеете да го искористите денешниот депозит, тоа е ваша загуба. Нема одолговлекување за утре. Мора да живееме со денешниот депозит. Инвестирајте во него за да имате подобро здравје, среќа и љубов. Часовникот чука. Искористете најмногу што можете денес.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Искористете го поголемиот дел од времето што го имате денес, бидејќи никогаш нема да го добиете назад.

„Никој не е зафатен на овој свет. Сè се врти околу приоритетите.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Следниот пат кога ќе кажете дека сте зафатени, запомнете, тоа е изговор. Ако нешто ви е приоритет, секогаш ќе имате време за тоа. Без разлика дали е тоа врската, некој пријател или што било друго – секогаш ќе имате време за сè ако се обидете да го најдете.

4-mokjni-citati-koi-kje-vi-go-smenat-nachinot-na-razmisluvanje-no-i-samiot-zhivot-kafepauza.mk

„Никој не може да ве повреди без ваша дозвола.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Луѓето може да ве повредат само ако вие им го дозволите тоа.

„Никогаш не се жалете за работите што вашите родители не можеле да ви ги пружат. Најверојатно толку и имале.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Љубовта на родителите кон сопствените деца нема граници. Ценете го она што тие го прават за вас, бидејќи тие ви даваат сè што имаат.

„Вие никогаш нема да ја знаете вистината. Вие знаете само ‘дел’ од вистината.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Понекогаш не е задолжително да постои една вистина – вистината може да значи повеќе работи од различни перспективи. Секогаш постои друга страна од приказната.

„Бидете свои. Секој друг е веќе зафатен.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Бидете задоволни од она што сте, бидејќи вие сте оригинални и никој друг не може да ве имитира. Прифатете ги вашите разлики и посебности и не се обидувајте да бидете нешто што не сте.

„Без разлика дали мислите дека можете или пак не – секако сте во право.“

Лекцијата што ќе ја научите:

Вие ги поставувате сопствените достигнувања. Ако мислите дека можете да направите нешто, ќе постигнете успех. Ако имате самоуништувачки став, нема да бидете во можност да ја постигнете вашата цел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар