Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина

Кејтин Стикелс, 29-годишната девојка со синдромот мачкини очи, успеа да го оствари својот сон од детството и да стане дел од модната индустрија. Со фотосесија за едно од најголемите списанија ширум светот, V Magazine, таа конечно се проби, а со тоа и почна да ги менува сите дефиниции за убавина. Фотографиите биле направени од познатиот фотограф Ник Најт.

Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина

Стикелс била родена со синдромот Шмид-Фракаро, познат и како синдром на мачкини очи. Оваа состојба предизвикува голем број проблеми, вклучувајќи надолно вртење на очите и недостаток на ткиво во зениците, што дава изглед на мачка. Наместо да дозволи овој синдром да ги убие нејзините соништа, таа го искористила како своја силна страна.

(2) Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина

Таа целосно го прифатила своето уникатно лице, како и телото, па затоа и постојано правела артистички фотографии и ги објавувала на Инстаграм каде што ја следат повеќе од 30.000 фанови. Ник Најт, кој бил режисер на музичките видеа на многу познати ѕвезди како Бјорк, Лејди Гага и Канје Вест, ја поканил Стикелс да му се придружи во Лондон бидејќи му се допаднала нејзината работа на социјалните мрежи.

(3) Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина

„Моето срце вечно ќе лета. Работата со Ник Најт за V Magazine беше нешто за што не можев дури ни да сонувам, да бидам искрена. Отсекогаш сум им се воодушевувала на брилијантните артисти со чудесно креативни умови, особено во модната индустрија каде што да се биде човек не е секогаш очекувано да се прифати или покаже на артистички начин.“

(4) Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина

Модната индустрија е позната по тоа што одржува строги и ограничувачки стандарди за убавината, исто како што е позната и по започнувањето нови трендови. Во последниве неколку години промовирањето личности што не се со минималните димензии, односно XXS, сè повеќе се зголемува. Токму затоа и се надеваме дека ќе имаме можност да видиме што повеќе уникатни луѓе, како Стикелс, чиј сон отсекогаш биле модните писти и фотосесиите, притоа менувајќи ги стандардите за убавината и поставувајќи нови дефиниции!

(5) Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина (6) Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина (7) Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина (9) Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина (10) Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина (11) Модел со синдромот мачкини очи ги руши дефинициите за убавина


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар