Мистичен бунар кој голта и исфрла вода

Мистичен бунар кој голта и исфрла вода

Ова спектакуларно чудо на природата е наречено Бунарот на Тор и се наоѓа на ‘ртот Перпетуа во американската сојузна држава Орегон. Тоа всушност, е една огромна фонтана со солена вода која црпи енергија од Пацификот, за да може да исфрла бранови големи по неколку метри.

Мистичен бунар кој голта и исфрла вода

До бунарот може да се пристапи само од северната страна, затоа што од другите е опкружен со океанот. Штом стигне до него, водата се спушта брзо низ неговите стрмни и остри карпести ѕидови, чекајќи можност повторно да излезе надвор.

Мистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла вода

Иако е премногу опасно човек да се доближи до Бунарот на Тор, сепак неговата убавина е премногу атрактивна за фотографите да го пропуштат. Огромните бранови и прекрасните зајдисонца се голем предизвик за нив, но свесни се дека во исто време се многу опасни.

Мистичен бунар кој голта и исфрла вода

 

„Големите бранови влегуваат во дупката, ја исполнуваат со вода и шумолат, пред пак да излезат од неа. Тоа не се случува со секој бран, тоа зависи од тајмингот и големината на бранот. Претпоставувам дека дупката е длабока околу шест метри и дека ако некој падне во неа нема никакви шанси да преживее,“ ги пренесува своите впечатоци фотографот Дарен Вајт.

Мистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла водаМистичен бунар кој голта и исфрла вода

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.