Меди Зиглер, девојчето кое со своето танцување го освои светот

Медисон Никол Зиглер или попозната како Меди е родена на 30 септември 2002 година во Питсбург, Пенсилванија. Таа е танчарка, актерка и модел, а најмногу е позната по шоуто „Dance Moms“ и нејзиниот неверојатен перформанс во двете нови видеа на Сиа – „Chandelier“ и „Elastic Heart“.

Меди Зиглер, девојчето кое со своето танцување го освои светот

Таа танцува од 2-годишна возраст и има тренирано во областа на степ, балет, лирски, модерен, акро, џез и воздушен танц. Меди заедно со нејзината сестра се дел од танцовата компанија на Аби Ли каде што се снима шоуто во кое тие учествуваат. Нема сомнение дека во Меди се крие неверојатен талент, бидејќи на секој настап може да се забележи дека таа навистина го сака тоа и ужива во танцувањето. Токму затоа не изненадува фактот што има освоено многу награди на национално ниво.

Меди Зиглер, девојчето кое со своето танцување го освои светот

Да не должиме, погледнете дел од нејзините настапи во живо покрај Сиа и оние од „Dance Moms“ кои целосно ќе ви го одземат здивот. Таа танцува со секој дел од телото, но она што е навистина неверојатно е што на нејзиното лице можат да се забележат многу емоции преку кои ние точно можеме да го почувствуваме тоа што таа го чувствува. Меди постојано нè воодушевува со својот перформанс и сигурни сме дека ќе продолжи да го прави истото уште долго време…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар