Мечка крадец

Замислете го наредново сценарио. Излегувате сабајле да фрлите ѓубре, но нема контејнер за отпад. Се чудите како е можно и одеднаш ви текнува дека имате безбедносна камера која снима 24 часа. Ја погледнувате снимката и… Не ви се верува во она што го гледате. Мечка крадецЕдна мечка, од никаде се појавува во кадар и љубопитно почнува да истражува. По некое време изгледа како да нашла нешто што ѝ се допаѓа и решила да си го земе со себе. За што станува збор? Погледнете го наредново видео. Доколку не сте трпеливи, премотајте директно на 1:15.

Но, тоа не ѝ е првпат да направи нешто вакво. Мечката редовно ја посетува оваа област и ги „позајмува“ контејнерите за отпадоци од кои краде остатоци од храна од ресторанот „Еделвеис“ во Колорадо Спрингс.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар