Мажот кој поминал 5 месеци пливајќи околу Велика Британија го сподели неговото искуство

Неодамна, 32-годишниот пливач и фитнес експерт, Рос Еџли, се врати од епското патување од 2.800 километри. Рос поминал 5 месеци на море и се верува дека е првиот човек што пливал околу островот Велика Британија.

Мажот кој поминал 5 месеци пливајќи околу Велика Британија го сподели неговото искуство

На Рос не му се непознати екстремните предизвици. Тој го држи рекордот за најдолгото искачување по јаже и го направил тоа за помалку од 24 часа, искачувајќи се на висина од 8.848 метри. Исто така се обидел да преплива 100 километри во Карипското Море носејќи дрво од 45 килограми.

Мажот кој поминал 5 месеци пливајќи околу Велика Британија го сподели неговото искуство

Фактот што неговиот последен подвиг се сметал за неверојатен е токму она што го мотивирало Рос да го направи.

Мажот кој поминал 5 месеци пливајќи околу Велика Британија го сподели неговото искуство

„Отсекогаш сум бил фасциниран од британските истражувачи, а капетан Метју Веб (првата личност што го препливала Англискиот канал) е оној кој навистина ме инспирира. Во 1875-та година сметале дека никој не може да го преплива каналот бидејќи е опасно, но тој им докажал дека грешат. Истото беше и со ова пливање, луѓето велеа дека е невозможно и дека никогаш нема да биде направено, па тоа ме натера и да го направам.“

Мажот кој поминал 5 месеци пливајќи околу Велика Британија го сподели неговото искуство

Но секојдневното пливање по 6 часа во рок од 5 месеци не било без последици. Рос често бил прашуван за предизвиците кои морал да ги издржи.

„Имаше премногу и заедно со Ред Бул, мислам дека завршиме одлична работа документирајќи ја во неделни влогови на каналот на Јутјуб на Ред Бул. Имам зборувано за проблемите со костимот за пливање, недостатокот од спиење и солената уста – делови од мојот јазик почнаа да се распаѓаат поради солта во водата. Но мислам дека она што навистина се истакнува беа убодите од медузи, бидејќи болката што ја предизвикуваа беше преголема. Најголемиот проблем беше за време на вртлогот на западниот брег на Шкотска. Огромна медуза се закачи за моето лице 30 минути сред вртлогот и не ме пушташе.“

Мажот кој поминал 5 месеци пливајќи околу Велика Британија го сподели неговото искуство

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар