Мажи кои „запалија“ на Инстаграм: Нив жените ги следат во голем број

Нивните профили на Инстаграм секојдневно добиваат се поголем број следбенци. А знаете ли зошто? Погледнете ги нивните фотографии и проценете сами.

1. Ник Батеман

1.1-mazhi-koi-zapalija-na-instagram-niv-zhenite-gi-sledat-vo-golem-broj-kafepauza.mk

Ник е канадски модел и глумец. Роден е 18 ноември 1986 година, во Онтарио. Вежба карате од својата четврта година, и покрај сите медали кои ги има освоено, три години држел своја школа за карате. Од школата се откажал за да ја оствари својата втора голема љубов – глумата. Почнува да се занимава како модел од својата 20-та година. Во својата кариера како модел работел за многу познати брендови, а има шетано по пистите во Милано, Њујорк и Мајами.

 

2. Џон Кортајрена

2.1-mazhi-koi-zapalija-na-instagram-niv-zhenite-gi-sledat-vo-golem-broj-kafepauza.mk

Роден е на 19 мај 1985 во Шпанија. Има работено за кампањи на Версаче, Кавали, Етро, Дизел, Лагерфилд и Армани. Магазинот Форбс во јуни, 2009 год. го стави на листата на десет најуспешни машки модели. Исто така, тој се занимава со глума. За себе вели дека е непоправлив романтичар.

„Навистина верувам во љубов која може да го смени животот за пет дена. Можеби е тоа затоа што сум сеуште млад, но се надевам дека во ова ќе верувам и кога ќе остарам”, вели Џон.

 

3. Марлон Теиксеира

3.1-mazhi-koi-zapalija-na-instagram-niv-zhenite-gi-sledat-vo-golem-broj-kafepauza.mk

Тој ја започна својата кариера кога неговата баба го запознала со еден семеен пријател кој воедно имал модна агенција. Од тогаш до денес Марлон работел со голем број познати дизајнери, а колку е успешен зборува фактот дека тој се наоѓа на седмото место на листата на 50 машки модели кои ја објавува Models.com. Интересно за ова момче е неговото потекло. Тој е роден во Бразил, но има португалска, индијанска и јапонска крв. Интересно е и тоа што го има истетовирано името на својата мајка, Клаудија, на бутот, близу препоните.

 

4. Џордан и Зак Стенмарк

4.1-mazhi-koi-zapalija-na-instagram-niv-zhenite-gi-sledat-vo-golem-broj-kafepauza.mk

Џон и Зак се откриени во 2011 година и од тогаш до денес имаат направено кариера за која многумина може само да сонуваат. Уште на самиот почеток се очекувало такво нешто. Овие близнаци за прв пат се прошетаа на пистата на миланската недела на модата и тоа за Келвин Клајн. Во нивната биографија се наоѓаат и соработката со Том Форд и Ралф Лорен, како и со многу други познати дизајнери и модни фотографи. Во родената Австралија студирале агроекономија.

 

5. Том Бул

5.1-mazhi-koi-zapalija-na-instagram-niv-zhenite-gi-sledat-vo-golem-broj-kafepauza.mk

Дваесет и четири годишниот австралиски модел има соработувано со многу светски дизајнери. Дебитирал на њујоршката модна недела. Негов заштитен знак е неговата брада за која вели дека ја обожава и дека нема да ја избричи иако неколку негови клиенти го побарале тоа од него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар