Маж прави урнебесни „секси“ фотографии за својата девојка и го освојува вниманието на Интернетот

Кога станува збор за секси фотографии, овој човек, кој неодамна објавил необична серија фотографии, привлекол многу големо влијание во онлајн светот. Тој, додека ги правел секојдневните домашни обврски, како чистење со правосмукалка или миење садови, застанувал на момент да позира и потоа ја објавувал фотографијата со цитат како: „Како да ѝ испратите секси фотографија на својата девојка.“ Од тогаш, илјадници жени му кажувале дека неговата девојка е пресреќна што го има него во својот живот.

„Планирам да ја запросам во блиска иднина“, изјавил Мајкл. „Ја обожавам нашата врска и сум многу горд на неа. Ѝ кажав уште од почетокот, сакам моите дела да зборуваат погласно од сè што кажувам.“

Било сосема нормален петок кога тој ги направи фотографиите.

„Куќата беше во хаос“, вели Мајкл. „Лејн, девојка ми, волонтираше во засолниште за жени за домашно насилство (таа и самата го преживеала ова), а мене не ми беше дозволено да бидам таму. Тоа беше само за жени. Куќата беше во лоша состојба па си реков да зачистам малку. Тоа е најмалку што можев да направам. Тогаш и ја добив идејата да ги објавам фотографиите, бидејќи мислев дека ќе биде забавно.“

И целосно се согласуваме со него. Погледнете ги и останатите фотографии и уживајте во сексапилот на овој неверојатен човек!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Остави коментар