Мали, а големи: 10 деца и млади кои го променија светот

Децата се најдобрите учители. Ќе ве натераат да размислувате за вашите сопствени постапки, ставови и промени. Тие ќе ве научат како да бидете подобри и како да го направите она што сметате дека е правилно. Некои од нив се засекогаш запишани во светската историја, а некои сега одат по тој пат. Но, она што е заедничко за сите е дека тие ги препознале проблемите во својата околина и реагирале храбро, без да размислуваат што мислат другите за нив или за нивните постапки. Многумина од нив можат да ви бидат пример и да ве инспирираат да бидете промената што сакате да ја видите во светот.

1. Џулија Блум

Мали, а големи: 10 деца и млади кои го променија светот

Списанијата за тинејџери честопати се вистински извор на несигурност за нив. Во нив се промовираат само одреден вид „совршени“ девојки, а тоа го забележала и Џулија Блум.

На 14-годишна возраст успеала да го убеди уредникот на списанието „Seventeen“ дека на насловната страница треба да се објавуваат фотографии без употреба на Фотошоп. Таа сè уште се занимава со феминистички прашања и ја промовира важноста на едукацијата на жените, не само важноста на нивниот изглед.

2. Ана Франк

Мали, а големи: 10 деца и млади кои го променија светот

Името што засекогаш ќе остане запишано во историјата кога станува збор за холокаустот е Ана Франк.

Иако за време на пишувањето на својот дневник, таа никогаш не замислувала дека еден ден ќе биде објавен и ќе стане симбол на борбата против историјата која никогаш не смее да се повтори, денес тоа е токму тоа – пишан доказ за тоа колку далеку може да одат човечкото зло и желбата за владеење. Но, истовремено ќе ве воодушеват нејзината ведрина, нејзиниот однос кон светот околу себе и нејзиното зрело размислување од кое може да научите многу.

3. Грета Тунберг

Мали, а големи: 10 деца и млади кои го променија светот

Грета стана позната кога започна протести против климатските промени во својата родна Шведска. Таа одби да оди на училиште поради лошиот став на шведските и на светските власти кон климатските промени и со денови протестираше пред зградата на шведскиот парламент. Таа одржа говор пред најголемите светски сили, предупредувајќи ги дека тие работат на штета на природата.

Грета беше номинирана за детска климатска награда, но таа ја одби бидејќи финалистите мораа да патуваат со авион за Стокхолм, на што таа силно се спротивставува. Списанието „Тајм“ ја прогласи за една од 25-те највлијателни тинејџери во светот.

Сепак, сето тоа предизвика многу полемики, а многумина веруваат дека таа е само пион на моќни луѓе кои сакаат да го грабнат својот дел и дека нејзините родители ја користат нејзината болест за своја корист.

Што и да мислите за неа, факт е дека ниту едно дете досега не успеало да привлече толку големо внимание на климатските промени како Грета Тунберг.

4. Ема Гонзалез

Мали, а големи: 10 деца и млади кои го променија светот

Откако преживеале грозно пукање во ходниците на едно средно училиште на Флорида, група средношколци решиле да тргнат во борба против насилството со оружје, а Ема Гонзалез била една од нив.

Таа е основач на групата „Never Again MSD“, а нејзиното појавување во јавноста се случи на маршот за живот кога ги прочита имињата на убиените соученици пред собраните и предизвика бура од емоции. До денес, таа не престанува да се занимава со оваа тема, а во соработка со адвокатите и со соучениците работи на подобрување на безбедноста во средните училишта во Флорида и во спроведување на законите за забрана на оружје.

5. Николас Лоунгер

Мали, а големи: 10 деца и млади кои го променија светот

Доказот дека дури и најмалото изразување грижа може да го промени светот, најдобро го покажува еден млад човек, кој со своето несебично дело постави лавина промени за сиромашните студенти. Имено, тој се сретнал со брат и сестра бездомници, кои се менувале за одење на училиште затоа што делеле еден пар чевли. Момчето било малтретирано затоа што станувало збор за пар розови чевли.

Николас му подарил пар патики, а тука е лансирана идејата која ќе прерасне во организацијата „Gotta Have Sole“ која денес се грижи секое дете има пар чевли со соодветна големина. Еден навидум мал гест навистина може да промени нечиј живот.

6. Малала Јусафзаи

Мали, а големи: 10 деца и млади кои го променија светот

На 17-годишна возраст, таа стана најмладата добитничка на Нобелова награда за мир, а целата приказна започнува кога Малала била застрелана на пат кон училиште во Пакистан затоа што се залагала за правата на девојчињата на образование.

Имено, на само 11 години, таа стана позната преку блогот на БиБиСи. БиБиСи објави преведени текстови за нејзиниот живот под талибанското владеење и поради тоа ѝ бил извршен атентат. Таа била итно пренесена на лекување во Англија, а во текот на операцијата ѝ била вметната титаниумска плоча за да се покрие дупката во черепот и да ѝ се врати слухот.

Денес има 22 години и е основач на фондот „Малала“, кој се фокусира на едукацијата на девојчиња и жени. Како вистински пример за девојчињата, таа е вклучена и во книгата „Приказни за добра ноќ за млади бунтовници“.

7. Нкоси Џонсон

Мали, а големи: 10 деца и млади кои го променија светот

Кога пандемијата на СИДА и ХИВ ја погоди Африка во 1990-тите, Нкоси беше едно од децата кое се роди со таа болест. Имено, бидејќи бил ХИВ-позитивен, му било забрането да посетува настава во училиштето во Јоханесбург. Тој беше поканет да ја сподели својата приказна на 13-та меѓународна конференција за СИДА во 2000 година, кога имаше само 11 години.

Иако ја загуби битката со болеста следната година, пред неговата смрт тој ја основа организацијата „Nkosi’s Havan“ заедно со својата мајка, која сè уште им помага на ХИВ-позитивните мајки и деца. Постхумно му беше доделена меѓународната детска награда за мир.

8. Марли Дијас

Мали, а големи: 10 деца и млади кои го променија светот

Кога забележала дека речиси ниту една хероина од детските приказни што ги чита не изгледа како неа, афроамериканската девојка Марли Дијас решила да смени нешто. Таа тргнала во потрага по книги кои го покажуваат целото богатство на афроамериканската култура, особено од гледна точка на девојчињата и со тоа станала активист на движењето #1000BlackGirlBooks. Тоа предизвика голем одговор на јавноста и беа собрани повеќе од 11.000 наслови со афроамерикански протагонисти.

За да придонесе за богатството на ваквите наслови, самата Марли напишала книга под наслов „Марли Дијас го направи тоа: Можеш и ти“ како еден вид водич за позитивните промени преку активизмот.

9. Јаш Гупта

Мали, а големи: 10 деца и млади кои го променија светот

Децата што треба да носат очила често не можат да ја следат наставата ако не ги носат или ако тие се на поправка, а во таква ситуација се нашол и малиот Јаш. Неговите очила биле на поправка една недела, па тој почнал да размислува како им е на децата што мора да носат очила, но не можат да си го дозволат тоа. Тој наишол на фактот дека дури 12.000.000 деца во светот не можат да си дозволат да ги имаат очилата што им се потребни.

Тоа го натерало да ја основа организацијата „Sight Learning“, која собира користени очила и им ги доставува на оние на кои им се потребни низ цела Индија, Мексико, Хондурас и Хаити. Досега се донирани речиси 2.000.000 пара очила.

10. Луј Брајл

Францускиот производител на букви за слепи и лица со оштетен вид бил слеп уште од својата трета година. Кога имал само 12 години, научил како да комуницира со систем смислен од француската армија, а токму тој служел како основа за осмислување на буквите кои подоцна се именувано по него.

Кога имал 15 години, тој веќе смислил систем на точки, така што создал посебен знак за секоја буква, односно испакнати точки што лицата со оштетен вид ги читаат со движење на показалецот од десната рака од лево кон десно.

Прочитајте кои модни дизајнерки го променија светот на модата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар