Луѓето повеќе ги бакнуваат своите кучиња отколку партнерите

Доколку повеќе ги бакнувате вашите кучиња отколку партнерите, не грижете се, не сте единствени. Неодамнешно истражување кое било спроведено на сопствениците на кучиња, покажало дека 52% од луѓето се бакнувале повеќе со нивните кучиња отколку со партнерите. Поголемиот дел од учесниците (94%) изјавиле дека кучињата ги сметале за најдобри пријатели – статистика која ќе ги зачуди луѓето кои не поседуваат куче.

(1) lugjeto-gi-baknuvaat-svoite-milenici-povekje-otkolku-partnerite

Истражувањата исто така покажале дека пола од учесниците (52%), повеќе преферирале да го делат својот кревет со кучето отколку со партнерот, што претставува добри вести според неодамнешната студија која открила дека жените подобро спијат навечер додека се гушкаат со кучето отколку со нивниот партнер.

(2) lugjeto-gi-baknuvaat-svoite-milenici-povekje-otkolku-partnerite

Сè на сè, истражувањето го зголемил бројот на докази кои докажуваат дека луѓето навистина ги сакаат своите миленици. Неодамнешното истражување кое било извршено на повеќе од 1.200 сопственици на миленичиња во Америка, покажало дека 43% од сопствениците на кучиња и 52% од сопствениците на мачки, признале дека го преферираат друштвото на своите крзнени пријатели отколку на луѓето.

А зошто пак да не? Чувањето милениче има големи здравствени придобивки. Друго истражување покажало дека кучето може да ја почувствува температурата кај човекот уште пред да се појави, да насети рана фаза на рак и да ги извести сопствениците кои се дијабетичари дека нивото на шеќерот во крвта им е опасно ниско. Од друга страна пак, вашиот партнер не може да се сети да ја смени тоалетната хартија.

Па доколку сакате да го бакнете вашето куче, само напред, бидејќи тоа заслужува.

Погледнете ги и најдобрите фотографии со кучиња за 2019 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар