Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината - Part 2

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

5. Третиот астронаут воопшто не слетал на месечината

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Во капсулата за управување се наоѓал Мајкл Колинс, третиот астронаут. Тој не слетал на месечината бидејќи требало некој да ја управува капсулата. Останал сам над 20 часа. Ако Баз и Нил заглавеле на месечината, тој требало сам да се врати на Земјата. Токму поради ова не е спомнат во говорот на Никсон.

Веројатноста да ги остави другите астронаути на месечината му претставувала проблем на Колинс. Всушност, тој се грижел за тоа најмалку шест месеци. Додека орбитирал околу месечината запишал дека доколку се случело, тоа би го прогонувало целиот живот.

6. Производителот на знамето поставено на месечината е непознат

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Две компании тврдат дека го направиле знамето на САД. Уште две тврдат дека ги снабдиле компаниите со материјалот за знамето. Од НАСА не кажуваат ништо, ако воопшто ја знаат вистината.

7. Екипажот не можел да добие животно осигурување, но се снашле

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Веќе спомнавме дека постоела опасност астронаутите да не се вратат. Бидејќи нивното животно осигурување би било многу скапо, тие оставиле многу автограми што нивните семејства ќе можеле да ги продаваат доколку не се вратат.

Астронаутите биле познати долго пред да ја напуштат Земјата и имале многу фанови што сакале автограми. Всушност, тие потпишале илјадници автограми по нивната мисија, а некои биле продадени за навистина виски суми.

8. Баз ја одржал првата света причест на месечината

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Баз и Нил останале во лунарната капсула некое време. Баз ја искористил оваа можност да ја направи првата причест на месечината. Ги замолил од Хјустон за момент тишина и ги замолил слушателите да размислат за слетувањето и да се заблагодарат на нивен начин. Потоа ставил вино на парче леб и го изел.

Од НАСА биле загрижени за религиската активност на астронаутите на месечината бидејќи претходно имале слични проблеми. На Баз му било кажано дека може да направи причест, но да ја направи „погенерална“.

9. Екипажот бил ставен во карантин по враќањето

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Денес астронаутите го напуштаат вселенското летало и веднаш се мешаат со други луѓе. Но нештата биле поинакви во времето на Аполо 11. По враќањето од месечината, екипажот поминал 3 недели во карантин пред повторно да добие дозвола да се движи меѓу други луѓе.

Ова била претпазлива мерка бидејќи од НАСА не биле сигурни дали на месечината има смртоносни микроорганизми. Примероците од месечината и целата опрема биле испитани за микроорганизми, а екипажот бил набљудуван за нови инфекции.

Прочитајте ги и овие факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар