Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Аполо 11 беше првото вселенско летало што го однесе човекот на месечината. Нил Армстронг и Едвин „Баз“ Алдрин станаа првите луѓе што зачекореа на нашиот сателит. Ова се нешта што ги знаат сите. Но постојат и други, полуди факти кои сигурно не сте ги слушнале досега. Продолжете со читање за да научите нешто ново.

1. Екипажот пополнил царински формулари по враќањето

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Цариниците од САД ги натерале астронаутите од Аполо 11 да пополнат формулар за внесување месечеви камења и прашина во САД. Ова се случило на 24-ти јули 1969-та година, истиот ден кога слетале околу Хаваи.

2. Нил Армстронг оставил ѓубре на месечината

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Баз Алдрин и Нил Армстронг останале во лунарната капсула неколку минути откако слетале на месечината. Во тој период, Алдрин му подал кеса полна со остатоци од храна и резервоар со измет на Армстронг, кој пак ја оставил на месечевата површина кога излегол. Првата фотографијата што ја направил убаво ја покажува кесата ѓубре.

Научниците оставиле многу друго ѓубре и алатки, од кои некои сè уште се функционални, а некои биле клучни за успехот на мисијата. Астронаутите го оставиле и делот за слетување на капсулата кој веќе не им бил потребен. Всушност, го претвориле во знаменитост и додале натпис: „Овде луѓето од Земјата прв пат стапнаа на месечината. Јули 1969-та година од нашата ера. Дојдовме во мир и во име на целото човештво.“

3. Претседателот Никсон подготвил говор во случај астронаутите да не се вратат

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Претседателот Никсон имал подготвено говор во случај екипажот никогаш да не се врател, односно Нил и Баз да останеле заглавени на месечината. Од НАСА верувале во леталото Аполо 11, но не и во лунарната капсула. Се сомневале дека може да настане проблем при полетувањето или дека нема да може да се прикачи на леталото и да го врати екипажот на Земјата. Во зависност од ситуацијата, астронаутите можеле да умрат веднаш, да прегладнат до смрт или да извршат самоубиство.

Говорот бил идеја на НАСА. Пред да го прочита, Никсон би ги контактирал сопругите на астронаутите и би ги информирал за ситуацијата. Потоа би ѝ се обратил на нацијата и би го започнал говорот со: „Судбината одлучи дека мажите кои отидоа да ја истражат месечината во мир, ќе останат на месечината да почиваат во мир.“

4. Има само една фотографија што го прикажува целиот Армстронг на месечината

Луди факти што никој не ви ги кажал за првото слетување на месечината

Нил Армстронг е лицето на мисијата на Аполо 11. Но на повеќето од фотографиите направени за време на експедицијата се наоѓа Баз Алдрин. Армстронг управувал со главната камера и го фотографирал Алдрин, а Алдрин имал наредба да фотографира други нешта.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар