Љубомората и врските – Болест или сосема нормална појава?

Не постои такво нешто како Не сум љубоморна/ен. Љубомората доаѓа сама по себе, сосема е нормална, логична и очекувана во секоја врска, секако во одредени граници. Сите во одреден момент сме се почувствувале љубоморни и несигурни, особено кога врската не ни е баш најсјајна, а како и не би се чувствувале така кога постои можност да ја изгубиме личноста која ја сакаме?

(4)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mk

Дали е љубомората во ред и кога, е прашање за кое не постои вистински одговор кој би ја задоволил целата маса луѓе. Велат дека таа е тесно поврзана со довербата, но тоа и не мора да значи. Во принцип, љубомората е фактор во секоја врска кој не може да се избегне, па на база на тоа постојат три типови на луѓе:

1. Оние за кои љубомората е целосно одбивна и лоша карактеристика кај партнерот, па овие луѓе најчесто и ги завршуваат врските од оваа причина;

2. Оние кои гледаат на љубомората како составен дел на секоја врска, па за нив љубомората знае да е шармантна, им кажува дека некој се грижи, а во некои прифатливи граници знае да биде и заводлива;

3. Оние кои се болно љубоморни, кои во секој момент мора да знаат сѐ за партнерот, па затоа и лесно може да излезат од контрола.

(2)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mk

Во едно неодамнешно истражување, направено од страна на Дејвид Фредерик и Мелиса Феилс, цел на проучување биле разликите кои се јавуваат кога станува збор за љубомората кај машките и женските. Конкретно фокусот бил насочен кон емоционалното наспроти физичкото неверство, а луѓето кои биле дел од ова истражување се изјаснувале кое од овие две неверства за нив е највознемирувачко. На база на сумираните податоци, заклучокот бил дека:

Физичкото неверство без љубов им пречи повеќе на мажите

Вака се изјасниле 54% од мажите кои се хетеросексуални, 32% од мажите кои се хомосексуални и 27% од мажите кои се бисексуални наспроти 35% од жените кои се хетеросексуални, 34% од жените кои се хомосексуални и 27% од жените кои се бисексуални.

Емоционалното изневерување, дури и кога сексот не е вклучен, им пречи повеќе на жените

Вака се изјасниле 65% од жените кои се хетеросексуални, 65% од жените кои се хомосексуални, 73% од жените кои се бисексуални наспроти 46% од мажите кои се хетеросексуални, 68% од мажите кои се хомосексуални и 73% од мажите кои се бисексуални.

Тука е неминовно прашањето зошто е тоа така?

Фредерик и Феилс веруваат дека објаснувањето за ова лежи во еволуцијата на човештвото, односно физичките потреби на мажите и жените. Порано не постоеле ДНК тестови, па мажите не можеле да знаат дали одгледуваат свои или туѓи деца. Од ова произлегува дека физичкото изневерување е поопасно за нив поради фактот дека нивната семејна лоза не би се продолжила. Наспроти нив, жените сакаат и очекуваат некој да се грижи и да биде тука за нив и за децата, а емоционалното неверство повлекува дека мажот ќе замине бидејќи е вљубен во друга жена. Токму затоа повеќето жени се подготвени да го простат физичкото неверство сѐ додека мажот нив им се враќа дома.

Овие претпоставки не треба да се земаат здраво за готово, особено во времето во кое живееме. Денес е многу лесно да се направи ДНК тест, а и поверојатно е дека какво било неверство ги вознемирува многу и мажите и жените.

(1)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mk

Она што ретко кој заборава да го вметне во своите ставови е фактот дека љубомората е двонасочна, односно, доколку вие сте љубоморни тогаш немате право да му се лутите на партнерот кога и тој ќе искаже љубомора. Од друга страна, љубомората знае да биде нож со две оштрици. Нема кој не се обидел намерно да иницира љубоморни чувства кај партнерот, бидејќи сакаме внимание и љубов, но љубомората не е играчка со која треба да си играме бидејќи е лесно запалива.

(3)-ljubomorata-i-vrskite-bolest-ili-sosema-normalno-kafepauza.mk

Додека секој има право на свои сфаќања и прифаќања, факт е дека колку е помала дозата на љубомора во врската, а поголема на разбирањето, толку подобро за самата врска. Ниту една врска не е совршена бидејќи никој од нас не е совршен. Затоа, уживајте повеќе и не дозволувајте времето да ви помине во несакани караници за кои подоцна може да се каете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар