Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф

Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О’Киф

Автор: Зорица Тодорова

Родена во 1887 год. како ќерка на двајца млекари од Висконсин, Џорџија О’Киф уште на 14-годишна возраст веќе изјавила дека ќе биде сликарка. Откако скромно посетувала неколку часови по сликарство, во своите рани 20-ти заработувала како учителка на Средниот Запад. Дури откако еден пријател ги покажал нејзините рани скици на Алфред Стиглиц во неговата галерија во Њујорк, започнала нејзината кариера. Тој бил воодушевен!1-lichnosti-koi-nѐ-inspiriraat-dzhordzhija-okif-kafepauza.mk_Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф

И покрај тоа што бил 23 години повозрасен, сфатил дека ја сретнал својата интелектуално и физички компатибилна половина. Неговата страсна желба да ја поседува Џорџија е документирана во стотиците фотографии кои ги правел од секој дел од нејзиното тело.

Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф

Сакал да ја долови нејзината силна убавина, нејзиното цврсто самопоседување, нејзината распламтена сензуалност, но исто така и убавината на нејзиното женско тело. Таа, од своја страна, немала никаков срам ниту страв од голотија што е доста храбро за млада жена во 1918 година.

Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф

Оваа самодоверба на О’Киф уште повеќе се одразува во нејзините дела, особено на една тема на која постојано ќе ѝ се навраќа – цвеќето. Но таа ќе му даде сосема ново значење и димензија. Со векови наназад жените сликале цвеќе, ботаничката уметност била гледана како декоративна, женствена, минијатурна и незаканувачка, но кај нејзините цвеќиња нема ништо толку контролирано и здодевно.

Инспирирана од фотографските леќи, Џорџија О’Киф нејзините цвеќиња ги претвора во споменици. Таа напишала „Решив дека кога би можела да го зголемам цветот до огромна мера, тогаш никако нема да можете да ја игнорирате неговата убавина“.

Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф

Во 1929 година, О’Киф веќе почувствувала дека нејзиниот професионален живот не ја исполнува, додека истовремено се соочувала со криза и приватно. Стиглиц сега имал помлада љубовница и таа била на работ на нервен слом. На типично американски начин, побегнала на Запад во бесплодниот, пустински крај на Њу Мексико. Овде била фасцинирана од таа камено-ладна убавина на природата, открила нови бои кои ѝ вдахнале нова енергија и љубов за животот и овде се враќала речиси секоја година.

Личности кои нѐ инспирираат: Џорџија О'Киф7.2-lichnosti-koi-ne-inspiriraat-dzhordzhija-okif-kafepauza.mk 8.1-lichnosti-koi-nѐ-inspiriraat-dzhordzhija-okif-kafepauza.mk 8.2-lichnosti-koi-nѐ-inspiriraat-dzhordzhija-okif-kafepauza.mk

Едноставно го впивала пејзажот, луѓето, културата, пердувите, птиците, сите оние работи кои биле нови за неа. „Морам да ги покажам убавината и пространството на светот во кој живеам. Ова е мојот свет и совршено ми е по мерка“, рекла таа. Тука О’Киф ја развива онаа слика за себеси која ќе стане речиси иконска – сама, силна, независна. Безмилосна и груба како и карпестата пустина која ја опкружува.

9.1-lichnosti-koi-nѐ-inspiriraat-dzhordzhija-okif-kafepauza.mk 9.2-lichnosti-koi-nѐ-inspiriraat-dzhordzhija-okif-kafepauza.mk

За време на првиот 5-месечен престој во Њу Мексико насликала 23 дела. Новата животна ситуација во која се нашла ѝ дала само повеќе сила да продолжи наместо да ја скрши како личност. Оваа преселба била тектонско поместување за уметноста на О’Киф и историјата на американскиот модернизам воопшто. Сега Американските уметници имаат сопствен водач чиј пат може да продолжат да го пробиваат, наместо постојано да се осврнуваат кон своите европски современици.

Луѓето на уметноста на О’Киф реагираат со фасцинираност, не само од едноставната убавина на нејзините дела, туку и поради самиот факт дека Џорџија О’Киф го живеела животот кој го сака.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар