Кучето со човечка насмевка го освојува Интернетот

Нори е од мешана раса и полека почнува да ја добива титулата – најслаткото куче на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nori Porkchop (@norichiban) on

Ова слатко куче, мешавина од австралиски овчар и пудлица, е навистина убав микс од генетиката на двете раси. Меѓутоа, она што ова куче го разликува од другите е тоа што тоа поседува насмевка која неверојатно потсетува на човечката.

Кучињата често знаат да ги накриват муцките и тоа да личи на насмевка, но Нори тоа го прави постојано и во некои моменти изгледа како да се смее како човечко суштество. Сопствениците на ова куче почнале да споделуваат негови фотографии на социјалните мрежи и како што обично се случува со необичните работи, Нори веднаш станал вистинска сензација на Интернет.

Можеби ќе сакате да прочитате и за зеленото куче Мохито.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар