Кралот на тортите

Кралот на тортите

Бади Валастро е многу успешен пекар, кој многу млад го наследил бизнисот од неговите родители. Тој пораснал во Хобоукен, Њу Џерси како дел од традиционална италијанска фамилија. Бади покажувал голема заинтересираност за украсување торти уште од мали години. Кога имал 17 години морал да го преземе семејниот бизнис поради ненадејната смрт на татко му. Со помош на неговата фамилија, денес тој е еден од најпознатите пекари во Америка.

Кралот на тортите

„Пекарата на Карло“ е позната по неверојатно уникатните торти. Од 2009 година, Бади има и своја ТВ емисија (Cake Boss) која премиерно се прикажува на американската кабловска телевизија „TLC“. Во емисијата се издвоени најзабавните и несекојдневни торти, почнувајќи од тоа кој и за што ги нарачал, како се стигнало до идејата и целосната изработка на тортата, како и нејзиниот транспорт до настанот. Снимени се 4 сезони, а популарноста на емисијата, како и на пекарата, секојдневно расте.

Кралот на тортитеКралот на тортите

Тие изработуваат торти за родендени, свадби, забави и за многу други видови настани. Досега немало незадоволни клиенти, туку напротив, Бади постојано ги надминува очекувањата на сите. Еве мал дел од нивните неверојатни дела, а на вас останува да одлучите дали навистина Бади е кралот на тортите.

Кралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортитеКралот на тортите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.