Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Вашето тело е чудо. Само погледнете се во огледалото и ќе најдете нешто на вас за што веројатно не знаете за што служи. На пример, се прашувате каква цел имаат влакната што постојано ги бричите, но тие влакна можат да ви помогнат при привлекувањето потенцијални пријатели. Овие делови на телото постојат со причина и нивната цел може да ве изненади.

1. Бенки

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Бенката се појавува кога клетките на кожата растат во група наместо да се шират низ целата кожа. Обично, бенките не се штетни, но понекогаш можат да бидат знак дека во вашето тело постои проблем, како што е карциномот. Мапирањето бенки е метод што може да се искористи за да се следат промените на бенките, така што ракот може да го откриете рано и да го спасите животот.

2. Влакна на пазувите

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Според едно истражување, главната функција на влакната е ослободување феромони – хормони што привлекуваат потенцијални додворувачи. Тука спаѓаат и влакната под пазувите што служат за да се ослободат мирисите. Исто како животните и луѓето имаат различни мириси што ги привлекуваат другите кон себе. Ова веројатно е причината зошто некои луѓе сакаат да ги мирисаат валканите блузи на своите партнери.

3. Умници

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Умниците се третите катници што растат во устата. Пред многу години, овие заби им служеле на нашите предци за да можат да џвакаат тврда храна како што се корени, лисја, месо и јаткасти плодови, особено кога другите заби ќе паднат. Во основа, тие се вашите резервни заби.

4. Веѓи

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Веѓите растат нанадвор за да ги штитат очите од дождот и од потта и за да можете да го одржувате видот. Со движење на веѓите можете да изразите разни емоции и тие се важна алатка за комуникација. Едно истражување од 2003 година покажало дека веѓите се клучни за препознавање лица. Испитаниците можеле да препознаат само 46 % од личностите на коишто им биле отстранети веѓите.

5. Нокти

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Ноктите служат за да ги штитат прстите од повреди и ви помагаат да можете подобро да ги зграпчите предметите. Исто така, секогаш кога нешто ве чеша, тие дефинитивно ќе ви помогнат. Покрај тоа, ноктите можат да бидат огледало на вашето здравје. Ако бојата на вашите нокти не е со нормален изглед, тоа најчесто значи дека нешто не е во ред со вашето здравје.

6. Увула

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Увулата е мало ткиво во форма на солза што изгледа како да виси во задниот дел на грлото кога широко ќе ја отворите устата. Постои само кај луѓето и едно истражување покажало дека овозможува да пиете течности додека сте свиткани и ви помага при зборување.

7. Влакна на нозете

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Влакната на нозете дефинитивно изгледаат како нешто без коешто можете. Но, многу одамна, влакната им служеле на нашите предци за да ја задржуваат топлината, особено затоа што тогаш немало панталони. Кога е ладно, мускулите што се околу фоликулите на влакната предизвикуваат влакната да стојат исправено и да задржуваат повеќе топлина во близина на телото. Поради тоа, влакната функционираат како природно ќебе на нозете.

8. Слепо црево

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Слепото црево е мала торбичка во близина на местото каде што се среќаваат големите и малите црева. Честопати се верува дека е бескорисен дел од телото, но тоа служи за да ги заштити корисните бактерии во цревата. Ако имате дијареја, корисните бактерии во слепото црево ќе ви помогнат да останете здрави.

9. Пеги

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Пегите се појавуваат поради генетика и изложеност на сонце. Тие се појавуваат кај луѓе со посветла кожа, на ист начин како што некои луѓе добиваат потемен тен при изложеност на сонце. Причината за нивната појава е што вашето тело се обидува да се заштити од оштетувањата на кожата предизвикани од сонцето. Пегите се како природен крем за сончање што ќе ве заштити од штетните сончеви УВ-зраци.

10. Брада и мустаќи

Конечно излезе на виделина зошто служат овие 10 делови на телото

Брадата и мустаќите не се само влакна на лицето што можат да дефинираат некого. Според едно истражување, брадата и мустаќите се како грива од лав. Тие можат да служат како камуфлажа за да ве заштитат од напади на кревките делови на вилицата.

Погледете ги овие фотографии што ги споделиле луѓето од нивните необични делови на телото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар