Конечно е откриено што точно се случува со бебето кое го носи мајка која пуши цигари

Овие неверојатни снимки од фетус кој си го држи своето лице ни покажуваат како бебињата кои се изложени на цигари може да имаат забавен развој. Скенираните слики ни покажуваат дека бебињата на мајките кои пушат ги допираат нивните устиња и лица многу повеќе од бебињата на непушачите. Фетусите, како што се развиваат и се приближуваат до нивното раѓање, така сè поретко си го допираат своето лице, но оваа 4Д ултразвучна снимка ни покажува дека цигарите можат да доведат до застој при развојот на централниот нервен систем на бебето.

Конечно е откриено што точно се случува со бебето кое го носи мајка која пуши цигари

Кликнете на снимката за поголема верзија

Истражувачите велат дека оваа шокантна фотографија може да се употреби за да се охрабрат жените да се откажат од пушење, барем за време на бременоста. Овие неверојатни снимки јасно ни го откриваат начинот на кој цигарите можат да му наштетат на развојот на нероденото бебе. Докторите долго време се обидуваат да влијаат врз бремените мајки пушачи, бидејќи пушењето може да го зголеми ризикот од предвремено раѓање, да предизвика проблеми со дишењето, па дури и смрт на бебето во матката.

Но, сега истражувачите конечно веруваат дека можат јасно да ги покажат ефектите од пушењето врз бебињата во матката и да ги искористат овие слики за да ги охрабрат мајките да не ги повредуваат своите сè уште неродени бебиња.

На овие 4Д ултразвучни снимки можете да видите два фетуса, кои се во својата 32 недела, каде што еден од нив (горе) е на мајка пушач, а еден (долу) на мајка која не пуши. Фетусот кој го носи жената пушач постојано го допира своето лице и уста, индицирајќи дека неговиот развој е забавен.

Како дел од студијата, д-р Надја Реисланд од Универзитетот Дурам ги користела овие снимки со цел да ги следи илјадниците мали движења во матката. Таа следела 20 мајки од кои 4 пушеле околу 14 цигари на ден. По проучувањето на нивните снимки на 24, 28, 32 и 36 недели, таа забележала дека фетусите на оние мајки кои пушат имаат континуирано повеќе движења со устата и допири на лицето за разлика од мајките кои не пушат.

„Потребна е поголема студија за да се потврдат овие резултати, како и да се истражат специфичните ефекти кои ја вклучуваат и поврзаноста на стресот на мајката и пушењето“, вели таа.

Но, фактот што овие резултати треба допрва да се проверуваат не треба да ве мотивира да се надевате дека со цигарите можете и да не му наштетите на вашето неродено бебе. Токму затоа погледнете ги овие снимки многу добро и размислете дали навистина цигарите ви вредат повеќе од животот на вашето бебе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар