Колку од овие испраќачи на пораки ви се познати?

Колку од овие испраќачи на пораки ви се познати?

Пишувањето пораки е дел од секојдневието. За разлика од минатото кога се испраќаа пораки само во итни случаи, денес тие се испраќаат многу често. Имаме опција да испратиме текстуална порака, фотографии, видео пораки или пак, гласовни пораки. Според ова, постојат некои личности коишто практикуваат одреден начин на составување на нивната содржина. Имајќи го тоа на ум, можете ли да ги пронајдете своите пријатели во некои од овие видови?

1. Луѓе кои испраќаат гласовни пораки

Гласовните пораки се брз начин да испратите одговор, но понекогаш тоа не е најдобра идеја. На пример, преслушувањето на говорната порака преку којашто вашиот пријател ви ги кажува случувањата од минатата вечер понекогаш може да биде навистина непријатно.

2. Луѓе кои испраќаат пораки со многу емотикони

Да, јасно е дека емотиконите се забавни, но треба да постои граница за нивното користење. Подобро е доколку имате да кажете нешто, да го пишете токму тоа, отколку да испраќате забавни емотикони. Сепак, возрасните треба да го почитуваат ова.

3. Луѓе кои постојано испраќаат фотографии

Дали ја видовте новата фотографија од бебето на вашата другарка… Повторно? Иако технологијата овозможува брзо и лесно споделување на значајните моменти од животот, испраќањето исти фотографии повторно и повторно може да биде напорно. Некои слики треба да бидат зачувани само за себе.

4. Луѓе кои секогаш ги испревртуваат зборовите

Некои луѓе едноставно се држат до автоматската корекција на зборови и не ја проверуваат содржината на пораката пред да ја испратат. Резултатот е бесмислен.

5. Луѓе кои премногу се смеат во пораките

Без разлика дали ќе употребат некои кратенки или пак едноставно ќе напишат „ха ха ха“, овие луѓе имаат навика премногу да се смеат, што понекогаш може да го изнервира читателот.

6. Луѓе кои пишуваат повеќе од што сте очекувале

Пораките коишто содржат премногу текст не се толку добра идеја. Всушност, овие пораки се како есеи и многу често знаат да бидат досадни и да се случи да не бидат прочитани до крај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар