Која е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста?

Која е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста?

Една од главните причини според кои печурките се доста застапени во нашата исхрана е нивниот вкус, но според нутриционистите, тие се карактеризираат и со здравствени придобивки. Печурките се одлична замена за месото и се богати со антиоксидантни својства кои го поддржуваат имунолошкиот систем во борбата против воспаленија и инфекции. Покрај тоа, во последно време се актуелизира влијанието на печурките во борбата со симптомите на депресија и анксиозност.

Која е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста?

Секако, печурките не можат да бидат замена за терапија. Но, според едно истражување спроведено од медицинскиот колеџ Пен Стејт, печурките би можеле да ги намалат симптомите на овие болести.

Податоците на околу 24.000 возрасни испитаници во САД собрани во периодот помеѓу 2005 и 2016 година покажале дека луѓето кои често консумирале печурки имале пониски нивоа на депресија и анксиозност. Истражувачите откриле и дека оние испитаници кои јаделе печурки во умерена доза исто така имале помал ризик од заболување во споредба со оние кои воопшто не јаделе печурки или ги консумирале во многу мали количини.

Наодите од истражувањето ја потврдиле хипотезата дека луѓето кои консумираат печурки имаат помал ризик од депресија поради високите нивоа на антиоксиданси, антиинфламаторни компоненти како и витамин Б-12.

„Печурките се најголем извор на аминокиселината ерготионеин – антиинфламаторно средство кое луѓето не можат да го синтетизираат“, изјави главниот истражувач Џибрил Ба.

Истражувањето е ветувачко во насока на нутриционистичко решение за превенција и третман на нарушување на расположението. Ејми Шапиро, нутриционист и основач на Real Nutrition, вели дека наодите од истражувањето се охрабрувачки, но потребни се повеќе истражувања за понатамошно проучување на потенцијалните придобивки од консумирањето печурки. Покрај тоа, истражувањето не споменува кои видови печурки ги користеле учесниците, туку дава само детален опис на храната што ја консумирале.

Секој вид на печурка се одликува со различни нутритивни придобивки, но никогаш не може да се земе здраво за готово кога станува збор за менталното здравје. Кога станува збор за депресија и анксиозност, секогаш се претпочита психолошката терапија.

Откако прочитавте за поврзаноста меѓу печурките и симптомите на депресија, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за крем супа од печурки.

Извор: lepotaizdravlje.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар