Која е најучтивата држава во светот?

Која е најучтивата држава во светот?

Најпрво важно е да се открие што всушност значи учтивостa. Дали најучтивата држава е најдобра и најгостопримлива, или пак нејзината учтивост зависи од комплициран систем на етикети и манири што луѓето кои живеат таму и кои ја посетуваат треба да ги следат?

Која е најучтивата држава во светот?

Изгледа дека критериумите за учтивост би биле различни за сите. Додека вам би ви изгледало неучтиво доколку некој плука на улица, во некои култури никој нема ни да го забележи тоа. Можеби сметате дека кога ќе влезете во продавница и кога продавачот ќе ви обрне внимание е учтив, но тоа не значи дека доколку ве остави сами е неучтив.

За среќа, постојат неколку извори кои ги рангираат државите според учтивост во зависност од разни критериуми и анкети. Иако нема победник кој постојано се наоѓа на врвот, барем можеме да сфатиме што значи „учтивоста“. На пример, анкетата HSBC во која учествувале иселеници се фокусирала на квалитетот на животот и економијата во новите држави на иселениците. Предвид се земале факторите како тоа колку е лесно да се најдат пријатели во државата, колку добредојдено се чувствуваат на работното место и колку лесно се адаптирале на новата култура. Во оваа анкета првите три места им припаѓале на Нов Зеланд, Ирска и Австралија.

Анкетата од Светскиот економски форум од 2013-та година била фокусирана на најдобрите места за туристи и се покажало дека најпријателската земја за посетување е Исланд. Нов Зеланд била и на оваа листа, овој пат на второто место, а третото место му припаѓало на Мароко.

Можеби ова не е точна мерка за учтивост, но однесувањето на локалните жители кон посетителите не треба да се изостави. Канада добила „најдобра репутација“ во овој случај.

Треба да се разјасни дека рангирањето според репутација не е поврзано само со манирите и однесувањето, потребно е да се земат предвид и економијата и политиката во една држава. Значи, нема дефинитивен победник во категоријата најучтива држава, но барем знаеме кои држави се истакнуваат за разлика од другите.

Дали знаете во која држава е најопасно да се биде жена?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар