Кој се откажува од цигарите потешко – мажите или жените?

Ако жените не можат да се откажат од цигарите и покрај тоа што користат препарати или програми за одвикнување, не треба да се нервираат. Без оглед на тоа што постои изразена желба да се ослободите од овој порок, жените понекогаш се немоќни затоа што нивните потреби се запоставени.

Кој се откажува од цигарите потешко - мажите или жените?

Истражувачите од Универзитетот во Питсбург објаснуваат дека повеќето програми и препарати за одвикнување од пушењето се приспособени за мажи.

Како пример се спомнуваат никотинските фластери и гумите за џвакање, кои немаат ист ефект врз жените и врз мажите. Покрај тоа, понежниот пол е почувствителен на факторите на животната средина поврзани со навиката за пушење, а најголемо влијание имаат пријателите пушачи, расположението или самото опкружување. Земајќи ги предвид сите фактори, експертите предлагаат да се создаде програма за прекин на пушењето заснована врз разликите во полот затоа што само на тој начин може да се постигнат посакуваните ефекти и кај жените и кај мажите.

Погледнете ги овие 7 природни начини за откажување од пушењето цигари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар