Кога судбината ќе вмеша прсти: 4 видови сродни души и нивното влијание врз вашиот живот

Кога судбината ќе вмеша прсти: 4 видови сродни души и нивното влијание врз вашиот живот

Многумина ја дефинираат сродната душа како совршен романтичен партнер кој ќе го исполни секој аспект на вашето битие. Сродните души се поврзани со нас, тие нè поддржуваат, привлекуваат, интелигентни се и духовити, како и дел од нашата приказна за среќен крај. Но, за жал животот не е толку едноставен. Па, која е вистинската дефиниција за сродна душа?

Кога судбината ќе вмеша прсти: 4 видови сродни души и нивното влијание врз вашиот живот

Сродна душа е член на вашето семејство души. Тоа се души кои доаѓаат во нашиот живот поради некоја причина и потоа можат да станат дел од нашето семејство, пријатели, колеги, соседи, љубовници, па дури и непријатели. Кога ќе ги сретнете овие души, вашите взаемни енергетски сили можат да создадат различни интересни и неверојатни ефекти. Но, секоја од овие личности имаат своја сопствена улога во вашиот живот. Погледнете ги следниве 4 видови сродни души кои имаат најголемо влијание врз вашето постоење…

1. Пријателска душа

Ова е најчестиот вид односи. Тоа се сите оние луѓе во вашиот живот кои сте ги избрале бидејќи вашите емоции, его и интелигенција се во склад со нивните. Во основа, вие делите исти искуства, интереси, уверувања, смисла за хумор и вредности. Понекогаш пријателските души можат да се претворат и во учителски души, но најчесто вие ги одбирате нив поради сличниот начин на размислување.

2. Учителска душа

Учителските души се најчесто оние личности во вашиот живот кои дошле да ве научат на важни лекции. Тие можеби не го направиле тоа намерно, но често создаваат ситуации кои се предизвик во вашиот живот и кои мора да ги совладате со цел да научите нешто од нив. Учителските души најчесто доаѓаат во облик на членови од семејство, пријатели, познаници, стари љубовници, па дури и непријатели. Вие ги привлекувате кон себе со цел да научите нешто.

3. Сопатничка душа

Овие души се најчесто слични на сродните, но без романтична привлечност. Тие можат да бидат од двата пола, пријатели или членови на семејство. Додека пријателските души се усогласени преку идентитетот, сопатничките души се поврзуваат со душевното согласување помеѓу две индивидуи. Токму затоа и врската со овие личности е многу посилна одошто онаа која ја имате со пријателските души. Кога ќе го развиете овој однос, вие ќе се чувствувате како да сте ги познавале со векови. Сопатничките души имаат особини и на пријателски и на учителски – тие делат согласување со егото, но и ви помагаат да учите и да се развивате.

4. Близначка душа

Старите Грци верувале дека нашите души некогаш биле цели, а потоа Боговите ги поделиле на две половини за повторно да можат да се најдат и спојат на Земјата, со цел да станат комплетни. Тоа е суштината на близначките души. Кога ќе ја сретнете оваа душа, вие се чувствувате како да сте пронашле дел од себе кој отсекогаш ви недостасувал. Многумина го објаснуваат ова чувство како исполнетост во присуство на друга личност. Тие делат комплементарни и компатибилни животни цели и нивниот духовен нарав често е поврзан. Тие исто така се чувствуваат многу пријатно едни покрај други, повеќе одошто во кој било друг однос. Меѓу нив владее безусловна љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар