5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викенди

Доколку сте заинтересирани за нова ТВ серија, лесна и едноставна за гледање, тогаш ви ги препорачуваме овие 5 комедии кои можат одлично да го исполнат вашето слободно време. Одберете ја вашата омилена, замотајте се во ќебе и покрај шолја кафе уживајте во насмевките предизвикани од урнебесниот живот на овие ликови…

1. Млади и гладни (Young & Hungry)

(1) 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викенди

Млад и успешен милионер најмува млада и борбена блогерка за храна со цел да биде негов личен готвач. Но, откако тој ќе раскине со својата девојка, таа ќе мора да се избори да ја задржи својата работна позиција…

2. И девојка и мајка (Significant Mother)

(2) 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викенди

Животот на Нејт ќе се преврти наопаку кога тој ќе дознае дека неговиот најдобар пријател и цимер излегува со неговата мајка која од неодамна е сингл. За да биде уште полошо, оддалечениот татко на Нејт нема да се плаши да го искористи со цел да ја освои повторно мајка му.

3. Свештеник натрапник (Impаstor)

(3) 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викенди

Со цел да го спаси својот живот, Баду Добс ќе одите во мал град и ќе го преземе идентитетот на свештеник хомосексуалец. Тој се обидува најдобро што може да ја одигра својата улога, но нештата многу побрзо ќе почнат да се вртат наопаку.

4. Кевин од работа (Kevin from Work)

(4) 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викенди

Млад човек храбро ја изјавува својата љубов кон колешка во моментот пред да ја прифати новата работа, но потоа дознава дека понудата е повлечена и тој е заглавен на истото работно место со својата симпатија.

5. Одеднаш и татко и дедо (Grandfathered)

(5) 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викенди

Целиот живот на Џон Страмос ќе се преврти наопаку кога неговиот 20-годишен син кој не знаел дека го има ќе се појави пред него со својата мала ќерка. На тој начин овој долгогодишен ерген одеднаш дознава дека е татко, но и дедо.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар