Клучните разлики помеѓу згодните и убавите девојки

Жени. Тие доаѓаат во сите форми и облици. Но, кога последен пат сте чуле маж да објаснува како одредена девојка изгледа без притоа да користи сексуални премиси? Дали некогаш воопшто сте слушнале како мажите опишуваат жена така што даваат комплимент за нејзината душа и внатрешна елеганција? Или пак, едноставно да каже дека таа е убава?

Клучните разлики помеѓу згодните и убавите девојки

Жените се исклучителни суштества со уникатни и магични способности и карактеристики кои ги издвојуваат од сите останати, па токму затоа и треба да се ценат според она кое навистина се, а не според сексуалните стандарди на мажите. Убавината не се наоѓа во тоа дали сакате да ја одведе во кревет или не, туку дали сакате да бидете покрај неа. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги следниве клучни разлики помеѓу згодните и убавите девојки.

1. Згодните девојки се набљудуваат од далеку, убавите девојки се чуваат во близина.

2. Згодните девојки се перцепција, убавите девојки се ценење.

3. Згодните девојки имаат зачадени очи, убавите девојки имаа природна и неутрална убавина.

4. Згодните девојки се потпираат на изгледот, убавите девојки на својата внатрешност.

5. Згодните девојки имаат силна физичка привлечност, убавите девојки имаат силен ум.

6. Згодните девојки освојуваат со стенкање, убавите девојки со начинот на кој говорат.

7. Згодните девојки се младолики, убавите девојки се безвремени.

8. Згодните девојки се конвенционални, убавите девојки се уникатни.

9. Згодните девојки бараат секс за една вечер, убавите девојки сакаат бессони ноќи.

10. Згодните девојки изгледаат привлечно за сите, убавите девојки само во очите на набљудувачот.

11. Згодните девојки манипулираат, убавите девојки се невини.

12. Згодните девојки сакаат само секс, убавите девојки бараат да им подготвите појадок наредното утро.

13. Згодните девојки имаат силни облини, убавите девојки имаат силни нерви.

14. Згодните девојки пишуваат пораки, убавите девојки пишуваат љубовно писмо.

15. Згодните девојки имаат надворешна маска, убавите девојки се вистински жени.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар