Карл Јунг објаснува што се случува кога ќе умрете

Карл Јунг објаснува што се случува кога ќе умрете

„Смртта е психолошки исто толку важна колку и раѓањето и како таква е неизбежен дел од животот. Како лекар се обидувам да го зајакнам верувањето во бесмртноста, особено кај постарите пациенти кога овие прашања стануваат премногу блиски. Гледано од коректна психолошка перспектива, смртта не е крај, туку цел, а наклонетост на животот кон смртта започнува веднаш штом ќе се помине меридијанот.“ – Карл Јунг

Карл Јунг објаснува што се случува кога ќе умрете

Јунг смета дека додека смртта е на некој начин крај, тaa не е крај за којшто можеме да бидеме целосно сигурни. Како еден од најпознатите психијатри, тој објаснува дека постојат одредени делови од свеста кои не се поврзани со просторот и времето. На пример, можете да имате соништа за иднината.

Во модерната психологија постои големо незнаење за овие факти, но тие сепак демонстрираат дека свеста не зависи од овие ограничувања.

Јунг го поставил прашањето: Ако свеста не е обврзана да живее само во просторот и времето, а очигледно не го прави тоа, тогаш до кој степен е ограничена со просторот и времето по смртта? Ова укажува на продолжување на животот на свеста, некакво психичко постоење надвор од просторот и времето.

Нема потреба да верувате во ова, но постои добра причина за претпоставката дека свеста навистина постои и по смртта. Во секој случај, подобро е да живеете очекувајќи ја следната фаза, како да имате векови пред вас полни со истражување и авантури. Алтернативно, стравот од смртта и умирањето пред време е многу полошо.

Токму ова се обидува да го направи нашата потсвест. Сака да живее како да има живот и по смртта. Ова можеби не го прави задгробниот живот реалност, но подобро е да размислувате за вашата подлабока природа. Сигурно вашиот живот ќе биде исполнет со многу повеќе задоволство ако живеете на овој начин.

Погледнете и кои се 4-те фази во животот според Карл Јунг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар